(Видео) Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика
Голем пожар избувна во Радовиш, каде според информациите објавени од М-НЕТ, гори објект на поранешна фабрика.Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица или поголема материјална штета.На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од густ чад и пламен што се издига над објектот, додека се очекува повеќе детали да соопштат надлежните институции и противпожарните служби.