Прв танкер со нафта преку Ормускиот Теснец пристигна во Јапонија по почетокот на војната со Иран
Во Јапонија пристигна првиот нафтен танкер кој од почетокот на војната со Иран поминал низ Ормускиот Теснец, повеќе од 12 недели по избувнувањето на конфликтот.Танкерот „Идемицу Мару“, кој плови под панамско знаме, вчера пристигнал во пристаништето Чита на островот Хоншу, откако уште во април успешно минал низ теснецот.Главниот секретар на јапонската влада, Минору Кихара, изјави дека пристигнувањето на бродот е добра вест за стабилното снабдување со енергенси.Јапонија во голема мера зависи од на...