Приведени 14 возачи, дел од нив предизвикале сообраќајни незгоди
Четиринаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, двајца возачи во Скопје и Охрид биле затекнати како управуваат со возила под дејство на алкохол. Кај охриѓанецот биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта, а тој претходно предизвикал и сообраќајна незгода.Полициските службеници откриле и повеќе лица кои управувале со возила без да поседуваат возачка дозвола. Меѓу н...