Алкохол, незгоди и возење без дозвола: Шест возачи завршија во полициска станица
Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Меѓу приведените има тројца возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди.Во Скопје биле приведени двајца возачи кај кои биле измерени по 1,85 промили алкохол во крвта. Едниот управувал мопед, а другиот патничко возило и притоа удрил во метална оград...