„За ВМРО не важат законите, наместо казна - срамна одлука за бодигардот на Мицкоски“, вели Штерјова

На денешната прес-конференција, Кети Штерјова од Форумот на жени на СДСМ остро реагираше на одлуката за условна казна за лицето кое е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за скандалозна и понижувачка порака кон жртвите на семејно насилство.На прес-конференција, Кети Штерјова од Форумот на жени на СДСМ изјави дека одлуката претставува пораз за правдата и доказ дека блискоста до власта носи привилегии.„Човекот кој ја претепа сопругата и призна вина за...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

„За ВМРО не важат законите, наместо казна - срамна одлука за бодигардот на Мицкоски“, вели Штерјова


Сподели преку

„Подготвени сме за разговори, но не и за нови отстапки без гаранции“, вели Мицкоски пред средбата со Кошта

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема намера да го менува својот став во однос на уставните измени без јасни гаранции дека Македонија во иднина нема да се соочи со нови условувања на патот кон Европската Унија.Во пресрет на денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мицкоски нагласи дека позицијата на Владата останува непроменета и дека нема да поддржи, како што рече, „авантура без извесен крај“.„Многу пати сме дале став по тоа прашање и нашиот став е н...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

„Подготвени сме за разговори, но не и за нови отстапки без гаранции“, вели Мицкоски пред средбата со Кошта


Сподели преку

Нова сигнализација, заштитни столпчиња и уредени зелени површини низ Скопје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека низ главниот град се реализираат повеќе активности насочени кон подобрување на сообраќајната безбедност, уредувањето на јавниот простор и одржувањето на градската инфраструктура.„Скопје се уредува до најситен детал“, порача Ѓорѓиевски, посочувајќи дека покрај капиталните проекти, подеднакво внимание се посветува и на секојдневните активности кои, како што вели, придонесуваат за поголем р...

пред 5 месеци | 16
skopje1.mk

Нова сигнализација, заштитни столпчиња и уредени зелени површини низ Скопје


Сподели преку

Брисел ги заострува правилата: Мигрантите ќе се депортираат и надвор од ЕУ

Европската Унија направи чекор кон воведување можност мигрантите на кои им е одбиено правото на престој да бидат депортирани во центри надвор од Унијата, откако европратениците и владите на земјите-членки постигнаа договор за новите правила, пишува Ројтерс.Мерката е дел од поширокото заострување на миграциската политика на ЕУ под притисок на десничарските партии, иако бројот на нерегуларни пристигнувања на мигранти минатата година се намалил за 26 проценти и достигнал најниско ниво од 2021 годин...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Брисел ги заострува правилата: Мигрантите ќе се депортираат и надвор од ЕУ


Сподели преку

Караница околу децата прераснала во физичка пресметка меѓу јатрви

Триесет и четиригодишна жена од гостиварско село е лишена од слобода поради сомнение дека физички ја нападнала својата јатрва по претходна семејна расправија.Од СВР Тетово информираат дека на 1 јуни во 21:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате ја привеле жената, постапувајќи по претходна пријава.Според пријавеното, во 17:20 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека ден претходно, на 31 мај, во заедничката семејна куќа во гостиварско село, по расправија поврзана...

пред 5 месеци | 16
skopje1.mk

Караница околу децата прераснала во физичка пресметка меѓу јатрви


Сподели преку

Малолетник нападнат во комбе додека се враќал од училиште, приведени две лица

Двајца жители на гостиварското село Сенокос се лишени од слобода поради сомнение дека физички нападнале и му се заканувале на малолетно лице.Од СВР Тетово информираат дека на 1 јуни полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Х.З. (74) и А.Р. (69), постапувајќи по претходна пријава поднесена од Е.Р. (37) од селото Градец.Според пријавата, двајцата осомничени во комбе физички го нападнале и му упатувале закани на неговиот малолетен син, кој во тој момент се враќал од училиште.По преземените м...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Малолетник нападнат во комбе додека се враќал од училиште, приведени две лица


Сподели преку

Изгубил контрола над мопедот и паднал, тетовец со тешки повреди

Педесет и двегодишен жител на тетовското село Порој се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово.Од СВР Тетово информираат дека на 1 јуни во 18:12 часот од Клиничката болница во Тетово било пријавено дека кај нив со тешки повреди бил донесен А.П. (52) од село Порој.Според првичните информации, несреќата се случила околу 16:30 часот, кога тој управувал мопед со скопски регистарски ознаки и изгубил контрола над возилото, по што паднал на к...

пред 5 месеци | 16
skopje1.mk

Изгубил контрола над мопедот и паднал, тетовец со тешки повреди


Сподели преку

Тетовец на социјалните мрежи: „Добив казна дека не возам по велосипедска патека, а патеката беше блокирана со возила и контејнери“

Жител на Тетово преку објава на социјалните мрежи реагираше на казна што ја добил додека управувал електричен тротинет по, како што тврди, обележана велосипедска патека на булеварот „Илинденска“.Според неговото сведоштво, бил запрен од полициски службеници во близина на Земјоделското училиште, при што му била побарана лична карта и му било соопштено дека не смее да се движи по коловозната лента.Граѓанинот наведува дека во моментот се движел по дел од улицата кој е обележан со црвена боја и се ко...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Тетовец на социјалните мрежи: „Добив казна дека не возам по велосипедска патека, а патеката беше блокирана со возила и контејнери“


Сподели преку

Мицкоски за антикорупцискиот закон на СДСМ: „Помислив дека е за рубриката „Верувале или не““

Премиерот Христијан Мицкоски остро ја критикуваше најавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за подготовка на нов закон за борба против корупцијата, оценувајќи ја иницијативата како несериозна и контрадикторна.Мицкоски изјави дека кога првпат слушнал за оваа идеја, мислел дека станува збор за нешто што би можело да се најде во рубриката „Верувале или не“, поради што одлучил извесен период да не ја коментира.„Гледам дека тие продолжуваат да ја туркаат оваа работа и навистина веруваат во тоа што...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Мицкоски за антикорупцискиот закон на СДСМ: „Помислив дека е за рубриката „Верувале или не““


Сподели преку

Пекинг и Вашингтон бараат начин да ги намалат ризиците од инциденти

Претставници на вооружените сили на Кина и САД одржаа дводневни разговори на Хаваи посветени на воздушната и поморската безбедност, при што двете страни оцениле дека подобрата комуникација може да помогне во намалување на ризикот од недоразбирања и несакани инциденти.Според соопштението на кинеската морнарица, средбите биле одржани на 28 и 29 мај и биле оценети како „искрени и конструктивни“.Одделно, американската Индо-пацифичка команда соопшти дека разговорите биле насочени кон намалување на ри...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Пекинг и Вашингтон бараат начин да ги намалат ризиците од инциденти


Сподели преку

Неверојатен пресврт на Ролан Гарос: Арналди од бездна до четвртфинале

Италијанскиот тенисер Матео Арналди приреди едно од најголемите изненадувања на годинашниот Ролан Гарос, откако по вистинска тениска драма го совлада Американецот Френсис Тијафо и за првпат во кариерата се пласираше во четвртфинале на Грен слем турнир.По пет часа и 26 минути игра, Арналди славеше со 7:6, 6:7, 3:6, 7:6 и 6:4, комплетирајќи спектакуларен пресврт во меч во кој во еден момент беше на работ од елиминација.Тијафо во четвртиот сет имаше водство од 4:1 со два брејка предност и беше мног...

пред 5 месеци | 16
skopje1.mk

Неверојатен пресврт на Ролан Гарос: Арналди од бездна до четвртфинале


Сподели преку

(Видео) Јапонија се подготвува за ударот на тајфунот Јангми

Јапонските власти издадоа предупредувања поради приближувањето на тајфунот Јангми, кој носи обилни врнежи од дожд и силни ветрови, а веќе предизвика значителни нарушувања во воздушниот сообраќај и штети во делови од земјата.Според Јапонската метеоролошка агенција, тропската бура утрово се наоѓала западно-северозападно од островот Амами, додека силните ветрови веќе зафатиле делови од Окинава, каде што се повредени повеќе од десет лица.Метеоролозите предупредуваат дека во регионот Кинки во следнит...

пред 5 месеци | 16
skopje1.mk

(Видео) Јапонија се подготвува за ударот на тајфунот Јангми


Сподели преку

Српскиот кошаркар Милан Момчиловиќ се откажа од НБА и потпиша договор вреден 6,5 милиони долари

Српскиот кошаркар Милан Момчиловиќ донесе изненадувачка одлука да се откаже од настап на претстојниот НБА драфт и кариерата да ја продолжи во универзитетската кошарка, потпишувајќи за Универзитетот Кентаки.Момчиловиќ, кој важеше за еден од најбараните играчи во NCAA трансфер-порталот, го избра Кентаки пред понудите од Луисвил и Аризона.Според американските медиуми, вредноста на неговиот NIL-договор, кој ги опфаќа маркетиншките права и комерцијалните активности на спортистите, се движи меѓу шест...

пред 5 месеци | 7
skopje1.mk

Српскиот кошаркар Милан Момчиловиќ се откажа од НБА и потпиша договор вреден 6,5 милиони долари


Сподели преку

(Видео) Над 500 спасувачи ангажирани по разорните напади низ Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека повеќе од 500 припадници на службите за итни интервенции биле ангажирани во справувањето со последиците од масовниот руски напад извршен во текот на ноќта врз повеќе украински градови.Според Зеленски, најсилниот удар бил насочен кон Киев, каде што биле оштетени десетици станбени објекти и друга цивилна инфраструктура.„Главниот удар беше врз Киев, каде што повторно се оштетени десетици станбени згради и други цивилни објекти. За жал, според...

пред 5 месеци | 16
skopje1.mk

(Видео) Над 500 спасувачи ангажирани по разорните напади низ Украина


Сподели преку

Дури и утринското кафе влијае на мозокот во текот на ноќта

Утринската шолја кафе за многумина е незаменлив дел од денот, но новите научни сознанија покажуваат дека нејзиното влијание врз организмот може да трае многу подолго отколку што се претпоставува.Според ново истражување објавено во научното списание „Nutrients“, кофеинот може да ја менува активноста на мозокот дури и за време на спиењето, нарушувајќи го квалитетот на одморот и часови откако ќе исчезне неговото непосредно стимулирачко дејство.Истражувачите анализирале 32 научни студии спроведени в...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Дури и утринското кафе влијае на мозокот во текот на ноќта


Сподели преку

Полициска акција во Гостивар: Пронајдени две стебла канабис и облека поврзана со кривично дело

Педесетгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода по полициска акција спроведена врз основа на судска наредба, при која биле пронајдени предмети поврзани со повеќе кривични дела.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 1 јуни 2026 година околу 17 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар го привеле Т.Џ. (50) од Гостивар.Претходно бил извршен претрес во неговиот дом во рамки на истрага поврзана со кривични дела предвидени во членовите 237, 396...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Полициска акција во Гостивар: Пронајдени две стебла канабис и облека поврзана со кривично дело


Сподели преку

Над 300 случаи на ебола во Конго, досега починале 48 лица

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, а бројот на потврдени случаи надмина 300, додека од последиците на болеста досега починале 48 лица, соопшти Министерството за здравство на земјата.Според официјалните податоци, заразата е регистрирана во 23 здравствени зони во покраините Итури, Северен Киву и Јужен Киву.Најсериозна е состојбата во покраината Итури, каде што се потврдени повеќе од 260 случаи на заболени. Регионот со години се соочува со безбедносни предизв...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Над 300 случаи на ебола во Конго, досега починале 48 лица


Сподели преку

Љубителите на Apple ќе почекаат: Паметните очила најрано во 2027 година

Љубителите на технологијата, кои со нетрпение го очекуваат влегувањето на Apple на пазарот на паметни очила, ќе мора да почекаат подолго од предвиденото.Според најновите информации на новинарот Марк Гурман од Bloomberg, компанијата повторно го одложила лансирањето на своите паметни очила, познати под развојното име N50. Наместо во 2026 или почетокот на 2027 година, нивната премиера сега се очекува дури кон крајот на 2027 година.Ова претставува ново поместување на роковите, бидејќи претходните пр...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Љубителите на Apple ќе почекаат: Паметните очила најрано во 2027 година


Сподели преку

Големи промени на ChatGPT: GPT-4.5 и o3 се повлекуваат

Компанијата OpenAI најави дека во наредните месеци ќе повлече два од своите постари модели за вештачка интелигенција, со што практично ќе стави крај на една генерација од развојот на ChatGPT.Според најновите информации, моделот GPT-4.5 ќе биде целосно повлечен од употреба на 27 јуни, додека моделот OpenAI o3 ќе остане достапен за претплатниците до 26 август.Како што пренесуваат технолошките медиуми, одлуката е дел од пошироката стратегија на OpenAI за премин кон поновите генерации на модели што...

пред 5 месеци | 16
skopje1.mk

Големи промени на ChatGPT: GPT-4.5 и o3 се повлекуваат


Сподели преку

СДСМ: „Мицкоски вели „Буџетот е во одлична кондиција“ – а нема пари за референдум“

СДСМ упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и Владата, обвинувајќи ги за неисполнување на реформските обврски, влошување на економската состојба и недостиг на јасна стратегија за европската интеграција на државата.Од партијата реагираат на изјавите на Мицкоски дека буџетот е во „одлична кондиција“, оценувајќи дека реалната состојба е поинаква и дека граѓаните се соочуваат со раст на трошоците за живот.„Додека Мицкоски се фали дека буџетот е во одлична кондиција, реалноста е сосема...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

СДСМ: „Мицкоски вели „Буџетот е во одлична кондиција“ – а нема пари за референдум“


Сподели преку

Пресврт во случајот со малата Данка Илиќ: Судот ја прекина постапката против 75-годишниот Драгиевиќ

Нова судска одлука донесе пресврт во случајот со убиството на Данка Илиќ, откако Вишиот суд во Неготин ја прекина постапката против Радослав Драгиевиќ, татко на еден од главните обвинети.Радослав Драгиевиќ (75) беше обвинет за непријавување на кривично дело и сторител, како и за помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело. Сепак, судот оценил дека нема доволно основи за продолжување на постапката против него.„Советот на Вишиот суд во Неготин донесе одлука дека нема простор за обвин...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Пресврт во случајот со малата Данка Илиќ: Судот ја прекина постапката против 75-годишниот Драгиевиќ


Сподели преку

(Видео) Нови детали за ужасниот руски напад врз Киев: Над 700 ракети и дронови лансирани

Русија во текот на ноќта изврши еден од најмасовните воздушни напади врз Украина од почетокот на војната, лансирајќи вкупно 729 ракети и беспилотни летала, соопштија украинските воздухопловни сили.Главна цел на нападот бил Киев, а според досегашните информации, најмалку 11 лица загинале, додека десетици се повредени. Украинските власти предупредуваат дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми.Според украинската армија, противвоздушната одбрана успеала да пресретне 642 воздушни цели....

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

(Видео) Нови детали за ужасниот руски напад врз Киев: Над 700 ракети и дронови лансирани


Сподели преку

Аксиос: Трамп жестоко му се нафрлил на Нетанјаху поради нападите во Либан

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно упатил остри критики кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонски разговор посветен на ескалацијата на конфликтот во Либан, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со содржината на разговорот.Според изворите, Трамп бил видно вознемирен од најавите за можни нови израелски напади врз Бејрут и предупредил дека таквиот потег дополнително би го изолирал Израел на меѓународната сцена.„Потполно с...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

Аксиос: Трамп жестоко му се нафрлил на Нетанјаху поради нападите во Либан


Сподели преку

„Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците“, велат од Левица

Политичката партија Левица преку соопштение побара оставка од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, по објавените информации за утврдени неправилности кај повеќе производители на млечни производи.Од партијата оценуваат дека случајот отвора сериозни прашања за функционирањето на институциите задолжени за контрола на безбедноста и квалитетот на храната што се пласира на пазарот.„После информациите за квалитетот на млечните производи, се добива јасна слика дека ко...

пред 5 месеци | 6
skopje1.mk

„Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците“, велат од Левица


Сподели преку