„Времето на автократите завршува“ – Зајкова и ЛДП со порака по изборите во Србија
Либерално-демократската партија (ЛДП) и нејзината претседателка Моника Зајкова ја поздравија прогласената победа на студентската листа на парламентарните избори во Србија, оценувајќи дека граѓаните покажале оти демократската волја може да ги надмине политичките притисоци и долгогодишните модели на владеење.Од ЛДП порачаа дека студентите, младите и граѓаните на Србија покажале дека народот е носител на суверенитетот и дека ниту една власт не може да биде посилна од барањата за слобода, правда и в