Сите капацитети ставени во функција: Мицкоски тврди дека се подготвени за пожари
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата годинава е значително поподготвена за справување со евентуалните пожари, нагласувајќи дека се преземени низа превентивни и оперативни мерки пред почетокот на летната сезона.Одговарајќи на новинарско прашање дали државата е поподготвена во однос на минатата година, Мицкоски кусо одговори: „Да, одговорот е да“.Тој информираше дека сите три противпожарни воздухоплови се сервисирани навреме и дека до вчера се наоѓале во Загреб, од каде што се очекува...