Нова метро линија од 69 километри во Истанбул: Возови без машиновозач и брзина до 120 км/ч
Истанбул од вчера официјално располага со една од најдолгите метро линии во светот, откако во употреба беше пуштена и последната делница од линијата што го поврзува центарот на градот со главниот меѓународен аеродром.Станува збор за последната делница Халкали – Арнавуткој, долга 22 километри, која свечено ја отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.Новата делница е дел од метро линијата Гајретепе – Аеродром Истанбул – Халкали, чија вкупна должина изнесува 69 километри и опфаќа 16 станици.