Најмалку пет министри заминуваат со реконструкцијата на Владата во вторник, познати дел од ресорите кои ќе добијат нови челници
Најмалку пет министри ќе ги напуштат функциите во претстојната реконструкција на Владата, дознава „Скопје1“ од повеќе извори.Според информациите до кои дојдовме, премиерот Христијан Мицкоски ќе направи промени во ресорите правда, здравство, култура, образование и земјоделие, а можно е да има и дополнителни кадровски промени.Неофицијално, реконструкцијата би требало јавно да биде соопштена веќе во вторник.Според досегашните информации, Азир Алиу од коалицијата ВЛЕН го напушта Министерството за зд