Две државјанки на Перу уапсени на Ќафасан, пронајдена марихуана во багажаот

Две државјанки на Перу биле лишени од слобода на граничниот премин Ќафасан, откако полицијата пронашла марихуана во нивниот багаж при контрола на комбе со кое патувале.Според информациите од МВР, случајот бил откриен на 27 октомври, при влез во Македонија. Кај 27-годишната Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања марихуана, додека кај 26-годишната П.П.Д.А. било откриено едно пакување од истата дрога.Двете жени биле спроведени и задржани во Полициската станица во Струга. По целосното документирање н

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Две државјанки на Перу уапсени на Ќафасан, пронајдена марихуана во багажаот


Сподели преку

Уапсен 40-годишен државјанин на Албанија, превезувал осум мигранти од Авганистан

Осум мигранти, меѓу кои и две малолетни лица, биле откриени во патничко возило на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, а 40-годишен државјанин на Албанија е лишен од слобода под сомнение за криумчарење мигранти.Случајот бил откриен на 27 октомври, во 12:35 часот, во близина на местото викано „Острово“. Полициските службеници запреле возило „фолксваген туран“ со албански регистарски ознаки, управувано од П. М. (40). При контролата биле пронајдени осум лица кои, според нивните изјави, се од А

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Уапсен 40-годишен државјанин на Албанија, превезувал осум мигранти од Авганистан


Сподели преку

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

Царинските службеници заплениле 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол при контрола на тезгите на зелениот пазар во Чаир. Со нелегалната продажба на акцизни производи била избегната акциза во вкупен износ од 337.558 денари.При контролата, службениците од Царинарница Скопје и мобилните тимови затекнале три лица како продаваат акцизни производи без акцизни маркички. Против две лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави, додека против едно лице, кај кое е утврдено избегнување акциза од околу

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол


Сподели преку

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за укинување на санкциите против Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ), објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, оваа опција е дел од напорите за подобрување на односите меѓу САД и Русија и за придонес кон завршување на војната во Украина.Неименуван извор оценил дека директорот на фондот, Кирил Дмитриев, кој е и специјален претставник на рускиот претседател за инвестициска и економска соработка со странство, е кори

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд


Сподели преку

(Видео) Српскиот ММА-борец Марко Бојковиќ по триумфот во Скопје: „Хрвати, Македонци, Црногорци, Босанци, сите сме браќа, ве сакам сите“

Српскиот ММА-борец Марко Бојковиќ испрати порака по триумфот на настанот на ФНЦ во Скопје, нагласувајќи дека народите од регионот ги смета за браќа и дека чувствата што ги има кон нив не може никој да ги промени.„Хрвати, Македонци, Црногорци, Босанци, сите сме браќа. Ве сакам сите и никој нема да ме убеди дека вие не ме сакате. Ве сакам многу и се гледаме наскоро повторно“, порача Бојковиќ.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Српскиот ММА-борец Марко Бојковиќ по триумфот во Скопје: „Хрвати, Македонци, Црногорци, Босанци, сите сме браќа, ве сакам сите“


Сподели преку

Гасоводот со Грција се гради, подготовките за поврзување со Србија се во тек

Изградбата на гасоводот со Грција, подготовката за поврзување со Србија и техничките проверки на домашните гасоводни делници се дел од активностите за развој на гасната инфраструктура во Македонија, информираат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и НОМАГАС.На интерконекторот со Грција, кој на македонска територија ќе биде долг 68 километри, досега се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43 километри, а 18 километри се поставени во ров. Експропријацијата е реализира

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Гасоводот со Грција се гради, подготовките за поврзување со Србија се во тек


Сподели преку

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува наскоро да се одржи средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи оптимизам дека разговорите би можеле да донесат значителен напредок.„Постигнуваме огромен напредок со Русија и Украина. Наскоро ќе се одржи средба“, изјави Трамп пред новинарите во воздухопловната база Ендрус, во близина на Вашингтон, по враќањето од Тексас.На прашањето со кого е планирана средбата, Трамп одговори

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат


Сподели преку

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Блокот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху освоил 57 пратенички места, наспроти 47 мандати за блокот против него, според прелиминарните резултати од парламентарните избори во Израел. Досега биле преброени гласовите од 41,9 отсто од избирачките кутии, а пребројувањето продолжува.Арапските партии „Заедничка листа“ и РААМ заедно освоиле 16 мандати, покажуваат податоците на Централната изборна комисија. Резултатите сè уште не се конечни.Нетанјаху, обраќајќи се во изборниот штаб на својата парт

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати


Сподели преку

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Кина плаќа повеќе за течен природен гас (LNG) отколку за природниот гас што го увезува од Русија, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак на маргините на самитот на Форумот на земјите извознички на гас.Според Новак, недостигот од гас и ограничената достапност на евтини енергенси ги принудуваат кинеските потрошувачи да купуваат поскап течен природен гас, чија цена дополнително ја зголемуваат трошоците за транспорт.Тој посочи и дека секторот за течен природен гас бележи силен раст, при што кол

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас


Сподели преку

Серија земјотреси во Тихиот Океан, најсилниот со магнитуда од 6 степени

Низа земјотреси со магнитуда од 4,8 до 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија островскиот остров Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од 10 километри и на оддалеченост од 523 километри од главниот град Порт Вила.Засега нема информации за повредени лица или материјална штета. Не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Серија земјотреси во Тихиот Океан, најсилниот со магнитуда од 6 степени


Сподели преку

(Видео) Речиси 100.000 луѓе евакуирани во Индија поради силниот циклон Арнаб

Речиси 100.000 луѓе се евакуирани од своите домови во две индиски сојузни држави поради силниот циклон Арнаб, кој ја погоди југоисточната индиска крајбрежна област со ветрови до 150 километри на час и обилни врнежи.Според Индискиот метеоролошки завод, циклонот ја зафатил сојузната држава Андра Прадеш со ветрови од 125 до 135 километри на час, додека најсилните налети достигнувале 150 километри на час. Невремето го зафаќа крајбрежјето меѓу градовите Бапатла и Висахапатнам.Наредба за евакуација до

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Речиси 100.000 луѓе евакуирани во Индија поради силниот циклон Арнаб


Сподели преку

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести

Француската влада најави пакет мерки за подобрување на образованието по пет недели протести и блокади на средни училишта и универзитети. Учениците и студентите бараат вложувања од 10 милијарди евра, а властите најавија промени во уписот на факултетите, намалување на бројот на ученици во одделенијата и обновување на образовните објекти.Меѓу главните мерки е реформата на платформата „Паркурсо“ за упис на универзитетите, која треба да биде заменета со поедноставен систем во 2028 година. Владата пла

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести


Сподели преку

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Јавните обвинители денеска ќе избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). За функцијата се натпреваруваат петмина кандидати: Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.Гласањето ќе се одвива од 8 до 16 часот, по што резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.Кандидатите во своите програми најавуваат јакнење на истражните капацитети, поефикасна борба против корупцијата и перењето пари, ун

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК


Сподели преку

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново

Внимателно возете на автопатот Кичево – Охрид, каде што е воведен времен режим на сообраќај поради санација на левиот коловоз на делницата од Пресека до Песочан, кај клучката Арбиново.Од АМСМ информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново


Сподели преку

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, за кој се поднесени вкупно 124 амандмани.Со предложените измени, буџетските приходи се намалуваат за околу 5,3 милијарди денари, на 374,2 милијарди денари. За истиот износ се намалуваат и расходите, кои се проектирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 отсто од БДП.Најголемите промени кај приходите с

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година


Сподели преку

Личната карта и возачката дозвола на мобилните телефони – апликацијата „м.Услуги“ пристигнува

Граѓаните ќе добијат полесен пристап до електронски јавни услуги и дигитални документи преку мобилен телефон со новата апликација „м.Услуги“, која денеска ќе ја промовира Министерството за дигитална трансформација во Македонската филхармонија во Скопје.На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.Андоновски најави дека апликацијата ќе биде бесплатна и незадолжителна,

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Личната карта и возачката дозвола на мобилните телефони – апликацијата „м.Услуги“ пристигнува


Сподели преку

Малолетник нападна жандарм со два ножа пред израелската амбасада во Белград, напаѓачот е убиен

Србија го подигна нивото на терористичка закана на највисоко, „црвено“ ниво по нападот врз припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Напаѓачот бил убиен при интервенцијата на полицискиот службеник, кој се здобил со полесна повреда на лицето.Според српскиот министер за внатрешни работи во технички мандат, Ивица Дачиќ, нападот се случил 15 минути по полноќ, кога малолетник, за кого постои сомневање дека е од Шабац, го нападнал жандармот со два ножа, извикувајќи „Алаху Акбар

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Малолетник нападна жандарм со два ножа пред израелската амбасада во Белград, напаѓачот е убиен


Сподели преку

Дел од Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Повеќе делови од Скопје денеска, 28 октомври, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат од ЕВН Македонија.Прекините ќе ги опфатат следните локации:Од 08:25 до 11:25 часот: дел од улиците Зеничка и Коце Металец во општина Гази Баба.Од 08:30 до 14:00 часот: улицата Ѓорѓи Капчев и број 16 на истата улица во општина Аеродром.Од 09:00 до 10:30 часот: дел од улицата 1 во Визбегово, улицата Камени Мост и некои објекти на фирмата „Семата“ во општина Бутел.Од 09:00 до 15:00

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Дел од Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја


Сподели преку

Сиљановска на одбележувањето на Унгарската револуција: Историја што ги поврзува двата народа

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва присуствуваше на одбележувањето на Националниот празник на Унгарија, по повод Унгарската револуција од 1956 година, на покана на унгарската Амбасада во Скопје.Таа нагласи дека Унгарската револуција од 1956 година е значаен дел од европската историја на слободољубивите народи, кои низ историските искушенија го потврдувале правото на слобода и самоопределување.„За жал, бунтот на унгарските студенти, работници и интелектуалци беше крв

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Сиљановска на одбележувањето на Унгарската револуција: Историја што ги поврзува двата народа


Сподели преку

Почина Димитар Георгиев – Шеки, еден од најголемите струмички фудбалски таленти!

Струмица се простува од Димитар Георгиев – Шеки, едно од најголемите фудбалски имиња во градот и играч кој со својот исклучителен талент, атрактивните потези и прекрасните голови остави неизбришлива трага во историјата на Беласица и Тиверија.Шеки зад себе остави кариера долга повеќе од две децении, исполнета со незаборавни настапи, голови и моменти што со години ќе ги паметат љубителите на фудбалот.Во дресот на Беласица настапувал во десет сезони, одиграл 236 лигашки натпревари и постигнал 50 го

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Почина Димитар Георгиев – Шеки, еден од најголемите струмички фудбалски таленти!


Сподели преку

282 сообраќајни прекршоци за шест часа: Уапсени четири лица, одземени две возила

Во акциска контрола спроведена на територијата на целата држава, полицијата констатирала вкупно 282 сообраќајни прекршоци, четири лица биле лишени од слобода, а привремено биле одземени и две возила.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била спроведена на 25 октомври 2026 година, во периодот од 12:00 до 18:00 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи, со цел контрола на возачите и возилата и зголемување на безбедноста во сообраќајот.При контролата биле к

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

282 сообраќајни прекршоци за шест часа: Уапсени четири лица, одземени две возила


Сподели преку

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Излезните анкети укажуваат на тоа дека нема јасен победник на изборите во Израел, при што се чини дека ниту актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, ниту неговиот главен противкандидат, Гади Ајзенкот, не успеале да обезбедат чиста победа, објави Си-Ен-Ен.Според излезните анкети, се чини дека премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен ривал, поранешниот началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, не успеале да остварат убедлива победа.Излезноста на изборите беше највисока барем од 1999 година нава

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа


Сподели преку

Траги од коронавирусот откриени дури 35 месеци по инфекцијата – научниците ја испитуваат и можната врска со ракот

Руски научници откриле траги од коронавирусот во човечки органи дури 35 месеци по прележувањето на ковид-19, а нивното истражување отвора нови прашања за долгорочните последици од инфекцијата. Компоненти на вирусот биле откриени во белите дробови, срцето, органите за варење и слузницата на матката, додека експертите посебно ја испитуваат можноста инфекцијата да влијае врз активирањето на мирувачките клетки на ракот. Сепак, научниците нагласуваат дека директна врска меѓу коронавирусот и развојот

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Траги од коронавирусот откриени дури 35 месеци по инфекцијата – научниците ја испитуваат и можната врска со ракот


Сподели преку

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани

Владата на Црна Гора на телефонска седница донесе нова уредба за визниот режим, со која се утврдуваат условите за влез, транзит и престој на странски државјани во земјата.Уредбата ќе почне да се применува од 1 ноември 2026 година, додека ќе стапи во сила ден по објавувањето во „Службен лист на Црна Гора“.Според текстот на уредбата, државјаните на голем број земји ќе можат да влегуваат во Црна Гора, да транзитираат низ нејзината територија и да престојуваат до 90 дена без виза, со важечка патна и

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани


Сподели преку