Четворица израелски војници загинаа во престрелка во Јужен Либан
Четири израелски војници се убиени во борбите во Јужен Либан, според Тајмс оф Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека војниците биле убиени вчера, а уште двајца биле ранети во истата престрелка.Според соопштението, загинатите се капетанот Ноам Мадмони (22), водникот Бен Коен (21) и водникот Максим Ентис (22), кои биле убиени за време на борбените операции во Јужен Либан. Израелската армија додаде дека и четвртиот војник е убиен во истиот инцидент, но неговото име не е објавено....