Тешко повреден 77-годишен пешак откако во него удри автомобил

Во сообраќајна несреќа во скопското село Љубанци, тешко е повреден 77-годишен пешак, откако во него удрил автомобил „хонда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 27 октомври околу 12 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 25-годишниот И.Ш. од Скопје. Повредениот пешак А.К. од Љубанци бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Полициска екипа извршила увид на местото на несреќата.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Тешко повреден 77-годишен пешак откако во него удри автомобил


Сподели преку

(Видео) Автобус на ЈСП почна да чади во Чаир

Автобус на ЈСП предизвика вознемиреност во скопската населба Чаир откако од неговиот заден дел почна да излегува чад.Возачот го запре автобусот и го отвори капакот на моторот, по што патниците го напуштија возилото. Засега нема информации за причините поради кои автобусот почнал да чади.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Автобус на ЈСП почна да чади во Чаир


Сподели преку

Пожар, нема греење, влага и мувла во „Стив Наумов“, студентите живеат во катастрофални услови, а плаќаат 6.600 денари месечно, алармираат од „Студентски отпор“

Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје се соочува со сериозни проблеми, меѓу кои нефункционално греење, влага и мувла во собите, проблеми со санитарните јазли и недостиг од топла вода, алармираат од „Студентски отпор“.Според нивните наводи, иако грејната сезона е започната пред две недели, парното сè уште не е пуштено, а радијаторите испуштаат силни звуци наместо да ги затоплуваат собите. Дополнително, на ѕидовите се појавиле дамки од влага, додека во дел од тоалетите вода тече од таваните.Од

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Пожар, нема греење, влага и мувла во „Стив Наумов“, студентите живеат во катастрофални услови, а плаќаат 6.600 денари месечно, алармираат од „Студентски отпор“


Сподели преку

Автомобил излетал од патот и удрил во дрво во Велес, тешко повредени две лица

Двајца 27-годишни велешани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Вардарска“ во Велес, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во дрво.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 октомври околу 23:40 часот. Автомобилот „форд“ со велешки регистарски ознаки го управувал Б.Т. (27), а со него патувал и Д.П. (27), двајцата од Велес.Возачот и сопатникот се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Автомобил излетал од патот и удрил во дрво во Велес, тешко повредени две лица


Сподели преку

Повторно уапсена 41-годишната Стојна од Кратово по нов обид за наплата на влезници во Куклица

Четириесет и едногодишна жена од Кратово е лишена од слобода по пријава дека се обидела да наплати влезници за локалитетот „Камени кукли“ и им се заканувала на двајца жители на Скопје.Според Министерството за внатрешни работи, жената била приведена на 27 октомври околу 11:30 часот од полициски службеници на ОВР Кратово. По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Повторно уапсена 41-годишната Стојна од Кратово по нов обид за наплата на влезници во Куклица


Сподели преку

За убиствата на жената и мажот во Ѓорче Петров има четири уапсени: најмладиот има 22 години, највозрасниот 58 години

Четири лица се уапсени под сомнение дека стојат зад двата случаи на разбојништво со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, во кои на 22 и 27 октомври беа пронајдени починати 62-годишен маж и 76-годишна жена со траги од насилство. Министерството за внатрешни работи потврди дека осомничените се лишени од слобода, додека Јавното обвинителство за „Скопје1“ соопшти дека за нив е побаран краткотраен притвор.Станува збор за А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

За убиствата на жената и мажот во Ѓорче Петров има четири уапсени: најмладиот има 22 години, највозрасниот 58 години


Сподели преку

Помалку шалтери, документи и побрзи услуги за граѓаните со м.Услуги, најави Мицкоски на промоцијата на апликацијата

Премиерот Христијан Мицкоски очекува новата мобилна апликација m.Uslugi да го олесни пристапот на граѓаните до јавните услуги, да го намали административниот товар и да го скрати времето потребно за завршување на постапките. Тој истакна дека дигитализацијата не значи само воведување нова технологија, туку и поедноставување на процедурите и поврзување на институциите.Мицкоски посочи дека целта е граѓаните да немаат потреба да земаат слободен ден за да извадат документ, да чекаат пред шалтери или

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Помалку шалтери, документи и побрзи услуги за граѓаните со м.Услуги, најави Мицкоски на промоцијата на апликацијата


Сподели преку

Уапсени четири лица за двата смртни случаи во Ѓорче Петров

Четири лица се лишени од слобода во врска со две разбојништва со смртни последици, извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, соопшти Министерството за внатрешни работи.Станува збор за А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58) од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Тие се сомничат за разбојништвата извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, за осомничените е побаран краткотраен притвор заради обезбедување на доказите

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Уапсени четири лица за двата смртни случаи во Ѓорче Петров


Сподели преку

Малолетникот кој нападна жандарм во Белград во мај бил уапсен во Минхен под сомнение дека подготвувал терористички напад, а во јули бил депортиран во Србија

Малолетникот кој беше убиен по нападот врз припадник на полицијата пред израелската амбасада во Белград, Србија, претходно бил уапсен во Минхен, Германија, поради сомнение дека подготвувал терористички напад, според сознанијата на „Н1“, тој бил приведен во мај годинава, а во јули бил депортиран во Србија.За време на испрашувањето од германските власти, малолетникот раскажал дека преку интернет почнал да следи содржини поврзани со исламскиот фундаментализам и терористичките организации Ал Каеда и

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Малолетникот кој нападна жандарм во Белград во мај бил уапсен во Минхен под сомнение дека подготвувал терористички напад, а во јули бил депортиран во Србија


Сподели преку

Амандман за повисок студентски оброк: се предлага да се зголеми од 140 на 200 денари

Се предлага зголемување на дневниот студентски оброк од сегашните 140 на 200 денари, односно за 60 денари. Предлогот е поднесен со амандман на вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, а за негово спроведување се потребни дополнителни 200 милиони денари, или околу 3,25 милиони евра.Со амандманот се бара зголемување од речиси 43 проценти, со образложение дека актуелниот износ не е доволен за покривање на основните потреби на студентите поради инфлацијата и поскапувањето на храната и другите жив

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Амандман за повисок студентски оброк: се предлага да се зголеми од 140 на 200 денари


Сподели преку

(Видео) „Бараме минимална плата од 36.000 денари“: Филипче за амандманите на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека пратеничката група на партијата и коалициските партнери ќе поднесат амандмани на ребалансот на буџетот, меѓу кои и предлог за зголемување на минималната плата на 36.000 денари.Филипче оцени дека растот на трошоците за живот дополнително го отежнува секојдневието на граѓаните и порача дека работниците не треба да живеат на работ на сиромаштијата.Тој ја повика Владата да преземе мерки за подобрување на животниот стандард и да покаже поголема грижа

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) „Бараме минимална плата од 36.000 денари“: Филипче за амандманите на СДСМ


Сподели преку

Дефект на сигнализацијата можеби довел до судирот на двата брзи воза во Шпанија, каде загинаа најмалку 50 лица

Најмалку 50 лица загинале, а десетици се повредени во судир на два брзи воза во Шпанија, во близина на местото Урда, во покраината Толедо. Додека спасувачките екипи и војската ги извлекуваат настраданите од уништените вагони, истражителите како можна причина за несреќата ја разгледуваат човечката грешка при управувањето со железничкиот сообраќај.Според информациите што ги објави шпанскиот весник „АБЦ“, несреќата се случила за време на отстранување дефект на сигналниот систем. Техничар на државни

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Дефект на сигнализацијата можеби довел до судирот на двата брзи воза во Шпанија, каде загинаа најмалку 50 лица


Сподели преку

17-годишник украл паричник од локал додека помагал во чистење, па ја користел картичката за плаќање

Седумнаесетгодишник е пријавен дека украл паричник од локал во тетовско село и потоа ја искористил платежната картичка за плаќање во маркет.Според МВР, на 27 октомври во 22:55 часот, во Полициското одделение Јегуновце, 46-годишен жител на тетовско село пријавил дека другар на неговиот 16-годишен син му го одзел паричникот додека заедно го чистеле локалот.Откако добил известување за извршена трансакција, пријавителот ги прегледал безбедносните снимки од маркетот во селото, при што било утврдено д

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

17-годишник украл паричник од локал додека помагал во чистење, па ја користел картичката за плаќање


Сподели преку

(Видео) „Пратениците од власта го одбија амандманот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени“, вели Битиќи

Пратениците од власта го одбија амандманот на СДСМ со кој се бараше обезбедување средства за зголемување на минималната плата на околу 22.000 вработени кај буџетските корисници.Амандманот го образложи пратеникот Фатмир Битиќи на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која се разгледува Буџетот за 2026 година.Со предлогот се бараше зголемување на средствата за основни плати од 35,3 на 35,8 милијарди денари, како и на средствата за придонеси за социјално осигурување од 14,59 на 14,73 м

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) „Пратениците од власта го одбија амандманот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени“, вели Битиќи


Сподели преку

Марихуана пронајдена при претрес во тетовско Селце, приведен 46-годишник

Четириесет и шестгодишен жител на тетовското село Селце бил лишен од слобода откако полицијата при претрес на неговиот дом пронашла марихуана.Според МВР, на 27 октомври полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес со судска наредба во домот и помошните простории на Т.И. (46), при што била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Марихуана пронајдена при претрес во тетовско Селце, приведен 46-годишник


Сподели преку

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Околу 30.000 граѓани се вклучиле во големата еко-акција за чистење на Скопје, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека ваквите акции ќе продолжат двапати месечно.Во акцијата учествувале градоначалници, млади, волонтери, угостители и илјадници граѓани, кои заеднички работеле на расчистување на градот.Ѓорѓиевски им се заблагодари на учесниците за вложениот труд и ги повика граѓаните да го зачуваат исчистеното и да не фрлаат отпад на јавни површини. Тој порача дека нема да има толер

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно


Сподели преку

Со 2,06 промили алкохол возел во спротивна насока на патот Гостивар – Тетово, приведен 33-годишник

Триесет и тригодишен жител на тетовското село Доброште бил лишен од слобода откако бил затекнат како вози под дејство на алкохол во спротивна насока на патот Гостивар – Тетово.Според МВР, на 28 октомври полицијата постапила по пријава дека автомобил „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец. Возилото било запрено на наплатната станица Тетово, при што било утврдено дека возачот Б.О. (33) има 2,06 промили алкохол во крвта.Од слобода биле лишени и неговите сопатници А.Ј. (

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Со 2,06 промили алкохол возел во спротивна насока на патот Гостивар – Тетово, приведен 33-годишник


Сподели преку

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Владата планира нови инвестиции во железничката и патната инфраструктура, со цел подобро поврзување со соседните земји и создавање услови за привлекување нови странски инвеститори. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со претставници на Германската стопанска комора и Македонско-германското стопанско здружение.Николоски рече дека инфраструктурните проекти се меѓу главните приоритети на Владата, како за привлекување нови, така и за задржување на посто

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија


Сподели преку

Дивите депонии и податоците за загадувањето ќе се следат преку нови дигитални платформи, податоците ќе бидат јавни за сите граѓани

Податоците за загадувањето на воздухот, дивите депонии и проектите на Министерството за животна средина ќе бидат дигитализирани и достапни за сите граѓани преку пет нови платформи, најави министерот за животна средина Муамет Хоџа.Платформите ќе овозможат поголема транспарентност, полесен пристап до информации и поедноставување на административните постапки, а податоците ќе се користат и во борбата против еколошкиот криминал.Платформата „Темели“ ќе содржи информации за проектите на Министерството

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Дивите депонии и податоците за загадувањето ќе се следат преку нови дигитални платформи, податоците ќе бидат јавни за сите граѓани


Сподели преку

Над 66 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип, има доволно вакцини за сите, уверува Клековски

Министерот за здравство Сашо Клековски уверува дека има доволно вакцини против сезонски грип за сите пријавени граѓани и ги повика да имаат трпение додека не ги добијат термините за вакцинација.„Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна“, изјави Клековски.Од почетокот на кампањата, на 14 октомври, се пријавиле 66.821 граѓанин

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Над 66 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип, има доволно вакцини за сите, уверува Клековски


Сподели преку

(Видео) „Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека во буџетот недостигаат 900 милиони евра, а дополнителна милијарда евра недостасува за исплата на пензиите. Според него, вториот ребаланс на буџетот е доказ за лошото управување со јавните финансии од страна на Владата на Христијан Мицкоски.Филипче предупреди дека се отвора прашањето од кои извори ќе се обезбедуваат средства за исплата на платите и пензиите во наредниот период. Тој оцени дека со ребалансот не се обезбедуваат повисоки плати и подоб

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) „Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки“, вели Филипче


Сподели преку

Експлозија и чад во старите бараки на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, се запалил бојлер

Пожар предизвикан од запален бојлер ги вознемири студентите во старите бараки на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, пренесува „Студентарија“.Инцидентот се случил неколку минути по полноќ, кога се слушнала експлозија, а ходниците се исполниле со чад.Според информации што студенти-станари ги споделиле со „Студентарија“, се активирале противпожарните сензори, а благодарение на брзата реакција на еден од студентите, огнот бил изгаснат.Во инцидентот нема повредени, а сите студенти се безбедни.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Експлозија и чад во старите бараки на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, се запалил бојлер


Сподели преку

Претреси во Гевгелија, пронајдени марихуана и куршум

Триесетгодишен жител на Гевгелија бил лишен од слобода откако полицијата при претреси на две локации пронашла дрога, куршум и електронски уреди.Од МВР информираат дека на 27 октомври, во 15:55 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле претреси врз основа на судска наредба на две локации што ги користел Ж.Д. (30).При претресите биле пронајдени марихуана, предмети со остатоци од марихуана, куршум со калибар од 7,65 милиметри, компјутер и мобилен телефон.За случајот бил известен јавен о

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Претреси во Гевгелија, пронајдени марихуана и куршум


Сподели преку

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Русија тестираше интерконтинентална балистичка ракета „Булава“, способна да носи нуклеарни боеви глави, која прелетала околу 5.400 километри низ руската територија пред да погоди цел на полигонот Чижа, во Архангелската област, недалеку од границите на Норвешка и Финска.Лансирањето било извршено од нуклеарната подморница „Генералисимус Суворов“ во Охотското Море, на рускиот Далечен Исток. Руското Министерство за одбрана соопшти дека боевите глави пристигнале до зададената цел во предвиденото врем

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри


Сподели преку