(Видео) Нов пожар избувна во близина на Атина, властите предупредуваат на опасност од токсични материи
Нов пожар избувна денеска напладне во областа Аспропиргос, во близина на Атина, јавуваат грчките медиуми.Според „Катимерини“, на терен се ангажирани 38 пожарникари со 14 противпожарни возила, кои се обидуваат да го локализираат огнот. Пожарот избувнал во близина на местото каде што претходно денеска гореше голем комерцијален објект.Во претходниот голем пожар, кој избувнал во фабрика за резервни делови во Аспропиргос, повредени се 11 лица, од кои тројца се во тешка состојба и се интубирани, прене