„Насекаде имаше куфери, тела и искршени прозорци“: Новинар раскажува за ужасот по судирот на возовите во Шпанија
Новинарот на шпанскиот весник „Ел Паис“, Антонио Хименес Барка, бил во возот на „Ренфе“ кој вчера се судрил со воз на „Ирио“ во близина на Урда, во покраината Толедо, Шпанија. Во несреќата загинале најмалку 68 лица, а повеќе од сто биле повредени. Тој ги опишал првите моменти по судирот, кога од патник станал сведок на една од најтешките трагедии во својот живот.Барка раскажува дека непосредно пред несреќата бил во возното кафуле и нарачал кафе. Следното што го памети е силен удар, по кој се наш