СДСМ: Ако реформите се исполнети, зошто Мицкоски со месеци ја обвинува опозицијата дека блокира?
Христијан Мицкоски сега тврди дека до ЕУ доставил документ со „целосно исполнети реформски обврски“. Ако реформите се навистина исполнети, тогаш сите досегашни обвинувања кон опозицијата дека го блокира Изборниот законик и со тоа ги спречува реформите беа обична лага, велат од СДСМ.„Месеци наназад ВМРО-ОКГ тврдеше дека без Изборниот законик не може да се заврши Реформската агенда. Рокот 1 јуни одамна помина.Реформите не се исполнети. Клучните закони или не се донесени, или се вратени од Европа н