Над 200 пациенти дневно со стомачни тегоби во Гостивар, Клековски: Засега нема да биде прогласена епидемија
Министерот за здравстов, Сашо Клековски денеска беше во посета на гостиварската општа болница. Тој во изјава за медиумите истакна дека прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби.Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, до некои пациенти имаат и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини