Мисајловски: Со 12 милиони евра ќе се реконструираат касарните низ Македонија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека со инвестиција од 12 милиони евра ќе се реконструираат касарните низ Македонија.При посетата на касарната во Штип, тој истакна дека таму веќе се обновува објект со површина од 1.000 квадратни метри, за што се вложени 100 милиони денари.„Касарната во Штип веќе добива нов реконструиран објект од 1.000 квадратни метри. Извршена е целосна обнова на внатрешната инфраструктура и фасадата. Договорена е и реконструкција на покривот на војничкиот рестор

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Мисајловски: Со 12 милиони евра ќе се реконструираат касарните низ Македонија


Сподели преку

Трамп по иранските ракетни напади: „Ќе ги претепаме“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри закани кон Иран по последните ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток.„Ќе ги претепаме… Ќе ги удриме силно, ќе добијат добар ќотек“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ова не е првпат Трамп да испрати заканувачки пораки кон Техеран во текот на повеќемесечните тензии меѓу двете земји, иако дел од неговите претходни изјави не беа проследени со воена акција.Изјавата на Трамп доаѓа откако Централната команда на САД (CENTCOM)

пред 3 месеци | 5
skopje1.mk

Трамп по иранските ракетни напади: „Ќе ги претепаме“


Сподели преку

Франција протера руска новинарка поради наводно ширење дезинформации

Француските власти ѝ наредија на руската новинарка Ксенија Фјодорова да ја напушти земјата поради обвинувања дека преку француски телевизии и радиостаници ширела ставови блиски до Кремљ, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.Според телевизијата France 24, одлуката за протерување следувала по предупредувања од експерти за дезинформации за влијанието на поранешната директорка на францускиот огранок на рускиот државен медиум RT France, кој беше забранет во Франција по почетокот на во

пред 3 месеци | 5
skopje1.mk

Франција протера руска новинарка поради наводно ширење дезинформации


Сподели преку

Амазон стана најголемата компанија во светот според приходите

„Амазон“ ја презеде првата позиција на листата Fortune Global 500, со што ја прекина долгогодишната доминација на „Walmart“ и стана компанијата со најголеми приходи во светот.Три децении откако Џеф Безос започна да продава книги од својата гаража, „Амазон“ денес има пазарна вредност од околу 2,6 билиони долари и се подготвува за најголемиот инвестициски циклус во својата историја, насочен кон вештачката интелигенција, облачната инфраструктура и развојот на сопствени чипови.Компанијата е основана

пред 3 месеци | 5
skopje1.mk

Амазон стана најголемата компанија во светот според приходите


Сподели преку

Кубанскиот претседател: САД вршат „геноцид“ врз Куба

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ги обвини Соединетите Американски Држави дека вршат „геноцид“ врз Куба и се обидуваат да ја преземат контролата врз островската држава.„Обвинувам дека Куба е жртва на ладнокрвно испланиран геноцид“, изјави Дијаз-Канел, оценувајќи дека американските мерки претставуваат „економско задушување“.Според него, американското ембарго за нафта, воведено во јануари, предизвикало секојдневни прекини во снабдувањето со електрична енергија, кои во некои делови на земја

пред 3 месеци | 5
skopje1.mk

Кубанскиот претседател: САД вршат „геноцид“ врз Куба


Сподели преку

Белата куќа со нови тврдења: COVID-19 потекнува од лабораторија во Кина

Белата куќа објави официјална интернет-страница насловена „Lab Leak: The True Origins of COVID-19“, на која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја претставува својата позиција дека пандемијата најверојатно започнала со истекување на вирусот од лабораторијата во Вухан, Кина.На страницата се наведуваат аргументи во прилог на оваа теорија, меѓу кои се тврдења за истражувањата во Институтот за вирусологија во Вухан, карактеристиките на вирусот SARS-CoV-2 и критики кон начинот

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Белата куќа со нови тврдења: COVID-19 потекнува од лабораторија во Кина


Сподели преку

Новата криза на Блискиот Исток ја турна цената на нафтата кон 91 долар

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа на меѓународните пазари, при што цената на барелот на лондонскиот пазар се приближи до 91 долар. Причина за растот се новата ескалација на Блискиот Исток и значителниот пад на резервите на сурова нафта во САД.На лондонскиот пазар цената на барелот достигна 90,66 долари, што е за 6,57 долари повеќе од претходниот ден, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше за 85,24 долари, со раст од 5,98 долари.Пазарите реагираа на новите судири во регионот, от

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Новата криза на Блискиот Исток ја турна цената на нафтата кон 91 долар


Сподели преку

Уапсени две лица поради пожарот што изгоре 50.000 хектари во Шпанија

Шумскиот пожар што зафати околу 50.000 хектари и беше прогласен за најголем во поновата историја на Шпанија, најверојатно бил предизвикан од работа на тешка градежна механизација во општината Бургоондо, во покраината Авила.Според шпанскиот весник „Ел Паис“, истрагата покажала дека механизацијата била користена и покрај забраната за работа поради исклучително висок ризик од избувнување пожари.Истражителите утврдиле дека искри, создадени за време на градежните работи, ја запалиле околната, целосно

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Уапсени две лица поради пожарот што изгоре 50.000 хектари во Шпанија


Сподели преку

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Зоран Љутков преку објава на социјалните мрежи упати критики до поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, поставувајќи повеќе прашања поврзани со проектот „Скопје 2028“.Во објавата, Љутков тврди дека за време на нејзиниот мандат бил најавен проект вреден 150 милиони евра, но, според него, јавноста сè уште нема добиено одговори како е утврдена таа сума, врз основа на кои проценки, од кои извори требало да се обезбедат средствата и каде конкретно требало да бидат инвестир

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција


Сподели преку

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ денеска обвини дека проблемот со загадената вода за пиење продолжува и дека по неколку градови, фекални бактерии се пронајдени и во селата Рич и Белотино.Од партијата посочуваат дека по случаите со белата пена во реките Лепенец и Вардар, сега се појавуваат нови случаи кои, според нив, ја отвораат дилемата за безбедноста на водата за пиење.Во соопштението, СДСМ тврди дека Владата и надлежните институции не обезбедуваат доволно информации за состојбата, при што го споменуваат и случајот со Го

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода


Сподели преку

Зеленски замина задоволен од Вашингтон: Сенатот го поддржа новиот пакет санкции против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го напушти Вашингтон задоволен, откако по неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп американскиот Сенат со големо мнозинство го поддржа продолжувањето на постапката за усвојување нов пакет санкции против земјите што со купување руска нафта го финансираат руското воено дејствување во Украина.Според „Политико“, Зеленски го следел гласањето од галеријата на Сенатот, што претставува целосен пресврт во однос на неговата посета на Белата куќа

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Зеленски замина задоволен од Вашингтон: Сенатот го поддржа новиот пакет санкции против Русија


Сподели преку

Судот во Струга му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски

Основниот суд во Струга му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреби поврзани со јавни набавки во РЕК „Битола“.Информацијата ја потврди претседателот на Основниот суд во Струга, судијата Вулнет Винца.„Пасошот на обвинетиот Борче Марковски му е вратен со одлука на судот бидејќи приложил гаранција во вредност од над пет милиони евра. Според законот, не може истовремено да има гаранција во имот и да му биде одземен пасошот. Или едното или другото“, изјавил Винца.

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Судот во Струга му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски


Сподели преку

Српската полиција уапси петмина осомничени за сексуална злоупотреба на деца, наводно ги намамувале преку лажни профили

Полицијата во Србија уапси пет лица осомничени за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца и за нивна онлајн сексуална експлоатација, објави „Н1“.Осомничените се на возраст од 24 до 59 години и се од Белград, Ваљево, Нови Сад, Сремска Митровица и Ниш.Според српското Министерство за внатрешни работи, постои сомнение дека подолг временски период преку интернет преземале, чувале и споделувале материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.Истрагата покажала дека преку соција

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Српската полиција уапси петмина осомничени за сексуална злоупотреба на деца, наводно ги намамувале преку лажни профили


Сподели преку

Тројца загинаа во експлозија по силниот земјотрес во Јапонија, претседателот на компанијата јавно се извини

Претседателот на јапонската компанија „Еон“, Акио Јошида, јавно се извини по експлозијата во еден од трговските центри на компанијата во префектурата Кумамото, во која загинаа тројца вработени, додека неколку лица сè уште се водат како исчезнати.Експлозијата се случила во вторникот, околу 50 минути откако силен земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди областа Кумамото. Во моментот на земјотресот, вработените успеале да евакуираат околу 3.000 посетители, но подоцна било утврдено дека неколку в

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Тројца загинаа во експлозија по силниот земјотрес во Јапонија, претседателот на компанијата јавно се извини


Сподели преку

Истече договорот за нафтоводот: Ердоган бара нова спогодба со Ирак

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара има намера што е можно поскоро да потпише сеопфатен договор за енергетска соработка со Ирак.На заедничката прес-конференција по средбата со ирачкиот премиер Али ал-Заиди во Анкара, Ердоган рече дека двете земји имаат заедничка цел да постигнат нов енергетски договор, кој ќе биде од взаемна корист, откако во понеделникот истече важечкиот договор за нафтоводот Киркук–Џејхан.„Договорот за нафтоводот меѓу Ирак и Турција истече вчера. Нашата

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Истече договорот за нафтоводот: Ердоган бара нова спогодба со Ирак


Сподели преку

Големиот пожар се доближи на само 15 километри од Бордо, повредени најмалку 75 пожарникари

Големиот шумски пожар што беснее во неколку региони во Франција се доближи на само 15 километри од Бордо, предизвикувајќи сериозна загриженост кај властите и жителите.Во борбата со огнената стихија досега се повредени најмалку 75 пожарникари, кои со денови се обидуваат да го стават пожарот под контрола.Пожарот, потпомогнат од високите температури и силниот ветер, продолжува брзо да се шири, а противпожарните екипи остануваат на терен во обид да ги заштитат населените места и да спречат уште пого

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Големиот пожар се доближи на само 15 километри од Бордо, повредени најмалку 75 пожарникари


Сподели преку

Претседателката на Апелација, Мери Дика, избрана за уставен судија

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд, откако предлогот доби поддршка од 64 пратеници.Одлуката ја соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, по спроведеното гласање„Судија на Уставен суд се избира со мнозинство гласови. Предлогот Мери Дика Георгиевска да биде избрана за судија на Уставниот суд го ставам на гласање. 64 гласа за, нема воздржани ниту против. Дика Георгиевска е избрана за судија на Уставниот суд“, рече Гаши.По изборот, Мери Дика Георгиевска даде

пред 3 месеци | 5
skopje1.mk

Претседателката на Апелација, Мери Дика, избрана за уставен судија


Сподели преку

Игор Џамбазов е добитник на престижната награда „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност

Македонскиот актер Игор Џамбазов е годинашен добитник на наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, што ја доделува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.Признанието му се доделува како признание за неговата исклучителна актерска дарба, препознатливиот хумор и долгогодишниот придонес во развојот на македонската театарска и културна сцена.Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на 23 септември 2026 година, на отворањето на фестивалот „Ден

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Игор Џамбазов е добитник на престижната награда „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност


Сподели преку

(Видео) Голем шумски пожар во Турција: Евакуирани домови и болница, затворен патот меѓу Анталија и Фетије

Голем шумски пожар избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција, поради што беа евакуирани жители, испразнети делови од локална болница и затворена важна сообраќајница.Пожарот избувнал на земјоделско земјиште во населбата Бајир, во округот Сејдикемер, а силниот ветер брзо го проширил кон блиската шума.Во гаснењето учествуваат речиси 400 пожарникари и спасувачи, со поддршка од пет авиони и 12 хеликоптери, соопшти кабинетот на гувернерот на Мугла.Како превентивна мерка, евакуирани с

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

(Видео) Голем шумски пожар во Турција: Евакуирани домови и болница, затворен патот меѓу Анталија и Фетије


Сподели преку

Европа не сака да ја поддржи американската поморска мисија во Ормускиот теснец

Европските сојузници засега не се подготвени да ја поддржат американската иницијатива за формирање заедничка поморска мисија во Ормускиот теснец, сè додека не биде воспоставен траен прекин на огнот во конфликтот со Иран, објави „Политико“, повикувајќи се на неименувани официјални претставници.Според извештајот, ваквиот став укажува на растечка резервираност на европските држави кон американската политика во регионот.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет побарал од Велика Британија и Франц

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Европа не сака да ја поддржи американската поморска мисија во Ормускиот теснец


Сподели преку

Иран ги следи објавите на американските војници? Се разгледува забрана за користење мобилни телефони

Американската војска разгледува можност да ја ограничи употребата на мобилни телефони на војниците распоредени на Блискиот Исток, поради стравувања дека објавите на социјалните мрежи можат да му помогнат на Иран при планирањето нови напади.Според „Ројтерс“, врховниот командант на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), адмирал Бред Купер, во интерно писмо ги предупредил американските војници дека фотографии и видеа објавени на интернет можат да му овозможат на Иран речиси во реално време да ја про

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Иран ги следи објавите на американските војници? Се разгледува забрана за користење мобилни телефони


Сподели преку

Епидемија во Њујорк: 90 заразени и шест починати од легионерска болест

Бројот на починати од легионерска болест во Њујорк се искачи на шест, додека вкупно 90 лица се заразени во епидемијата што го зафати квартот Апер Ист Сајд на Менхетен, во близина на Централ Парк.Градските здравствени власти соопштија дека од 17 јули не се регистрирани нови случаи на заболувањето. Во моментов шест пациенти се хоспитализирани, додека 65 лица од почетокот на епидемијата се пуштени на домашно лекување.Властите информираа дека десетици разладни кули, во кои била откриена бактеријата

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Епидемија во Њујорк: 90 заразени и шест починати од легионерска болест


Сподели преку

Цукерберг против забрана на кинеската вештачка интелигенција: САД треба да се натпреваруваат, а не да блокираат

Главниот извршен директор на „Мета“, Марк Цукерберг, смета дека САД не треба да ја блокираат кинеската вештачка интелигенција, туку да создадат услови домашните компании поуспешно да се натпреваруваат со кинеските конкуренти.Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Цукерберг изјави дека забраната на кинеските модели за вештачка интелигенција не би била ефикасно решение. Наместо тоа, според него, американските технолошки компании треба да ги отстранат пречките што им го отежнуваат развојот и конкурентнос

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Цукерберг против забрана на кинеската вештачка интелигенција: САД треба да се натпреваруваат, а не да блокираат


Сподели преку

Директорот на Онкологија потврди: Има привремен недостиг на дел од терапиите, причината е доцнење во испораките

По реакциите на пациентите дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија недостигаат терапиите Золадекс, Фулвестрант и Ексџева, директорот на Клиниката, д-р Игор Стојковски, за „Скопје1“ потврди дека во моментов постои привремен недостиг.Според него, причината е доцнење во испораките од страна на дистрибутерите, а Клиниката е во постојана комуникација со нив за што поскоро да се надмине состојбата.„Во моментов има привремен недостиг поради проблеми и доцнење во испораките од стр

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Директорот на Онкологија потврди: Има привремен недостиг на дел од терапиите, причината е доцнење во испораките


Сподели преку