УХМР предупредува: Следува топлотен бран, температурите ќе надминат 40 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека под влијание на топла воздушна маса од југ, за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица, во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време.Според прогнозата, ќе има мала до умерена локална облачност, а дневните температури насекаде ќе бидат над 32 Целзиусови степени. Во одделни делови од земјата живата во термометарот ќе надмине и 40 степени.Од УХМР посочуваат дека високите температури ќе се задржат и во тек