Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција
Левица преку соопштение обвини дека поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, наместо да сноси одговорност за, како што велат, сериозните пропусти констатирани во ревизорскиот извештај, бил именуван за министер за здравство.Од партијата наведуваат дека според наодите на Државниот завод за ревизија, Фондот се соочува со финансиски и системски слабости, меѓу кои и повеќе од 136 милиони евра непрефрлени придонеси од ПИОМ, што, според нив, негативно влијае врз