Шпанскиот министер: Мароко помогна најголем дел од мигрантите да бидат вратени

Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека масовниот влез на мигранти во Сеута во изминатите денови е „исклучително невообичаен настан“, но нагласи дека Мароко од самиот почеток соработувал со шпанските власти за да го запре мигрантскиот бран и да овозможи брзо враќање на мигрантите.„Големо мнозинство од оние што влегоа веќе се вратени во Мароко, а Мароко и понатаму соработува за да се врати и последното лице што влегло“, изјави Албарес во интервју за шпанската јавна

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Шпанскиот министер: Мароко помогна најголем дел од мигрантите да бидат вратени


Сподели преку

Научници открија цел екосистем длабоко под Земјата

Научници открија неочекувано богат подземен екосистем длабоко под површината на Земјата, во формацијата Антрим Шејл во САД, едно од најголемите гасни полиња во земјата. Откритието покажува дека на длабочина од 247 до 556 метри живее разновидна заедница од габи, црви, долгоживци и други организми.Истражувачите анализирале ДНК од водата што се испумпува при експлоатацијата на природен гас и откриле изненадувачка разновидност на живот.„Филтриравме големи количини вода и од филтрите изолиравме ДНК.

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Научници открија цел екосистем длабоко под Земјата


Сподели преку

Најмалку 13 загинати во новите руски и украински напади

Најмалку 13 лица загинаа во новите руски и украински напади, соопштија властите на двете земји. Во украинските напади врз Крим и руската Краснодарска област животот го загубиле 10 лица, додека во руски напад во централна Украина загинале уште три лица.Најтежок бил нападот во Архипо-Осиповка, туристичко место на брегот на Црното Море во Краснодарската област, каде што украински дрон паднал на плажа. Според гувернерот Венијамин Кондратјев, загинале шест лица, меѓу кои три деца, а околу 40 луѓе се

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Најмалку 13 загинати во новите руски и украински напади


Сподели преку

„Уште една недела - Владата не е способна ни за вода“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата не успева да го реши проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, посочувајќи дека водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна поради присуството на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.Од партијата велат дека надлежните повторно најавуваат стабилизација на состојбата „следната недела“, оценувајќи дека граѓаните повторно остануваат без конкретно решение.СДСМ тврди дека сè уште не постои официјален документ со кој се потврдува дека вод

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Уште една недела - Владата не е способна ни за вода“, велат од СДСМ


Сподели преку

(Видео) Пожарот кај Кавадарци повторно се разгоре, интервенираат два ер-трактори

Пожарот во кавадаречкиот регион повторно е реактивиран и се проширил на тешко пристапен терен, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според Ангелов, во гаснењето веќе се вклучени два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во обид да го стават пожарот под контрола.На терен е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја следи состојбата и координацијата на активностите за справување со пожарот.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Пожарот кај Кавадарци повторно се разгоре, интервенираат два ер-трактори


Сподели преку

Британец го чувал телото на мајка си во замрзнувач речиси три години за да ѝ ја зема пензијата

Британец на возраст од 60 години е осуден на две години и четири месеци затвор откако речиси три години го криел телото на својата мајка во замрзнувач, а во меѓувреме незаконски ги примал нејзината пензија и социјалните надоместоци, со што се стекнал со околу 78.000 фунти.Кристофер Филипс на суд признал дека не овозможил достоинствен погреб на својата 89-годишна мајка Силвија, која починала во март 2023 година. Тој ја признал и измамата, бидејќи по нејзината смрт продолжил да ги прима исплатите

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Британец го чувал телото на мајка си во замрзнувач речиси три години за да ѝ ја зема пензијата


Сподели преку

Автомобил со швајцарски таблички удри во четиригодишно дете во Гостивар

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 2 август околу 16:00 часот на улицата „Железничка“ во Гостивар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во детето удрило патничко моторно возило „Форд Куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 35-годишниот Г.Џ. од селото Чегране.По укажаната лекарска помош, повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е продолжено лекува

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Автомобил со швајцарски таблички удри во четиригодишно дете во Гостивар


Сподели преку

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ

Педесетгодишен маж од селото Неготино бил приведен откако бил затекнат како пеш се движи по автопатот Гостивар–Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 3 август околу 2:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го забележале лицето О.А. кај клучката „Тучевиште“ како се движи по коловозот.Кај него било извршено алкотестирање, при што било утврдено присуство на 1,65 промили алкохол во крвта. Од МВР додаваат д

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ


Сподели преку

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел

Непознат сторител провалил во црква во селото Трново, кривопаланечко, од каде одзел пари и бакарен котел, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, кражбата била пријавена на 2 август во 7:54 часот, а се случила во периодот меѓу 1 и 2 август. Сторителот влегол во црквата со употреба на сила, по што ги одзел парите и бакарниот котел.Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел


Сподели преку

Автомобил изгоре во Кочани

Патничко возило „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки било опожарено во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 2 август во 10:45 часот во ОВР Кочани. Возилото е сопственост на 54-годишниот З.Д.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, а во настанот нема повредени лица.Полициски екипи извршиле увид на местото, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Автомобил изгоре во Кочани


Сподели преку

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија која станала недостапна по влезот во земјава

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија, чие исчезнување било пријавено во СВР Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 2 август околу 17:15 часот. Жената, со иницијали К.К., на 1 август влегла во Македонија преку граничниот премин Табановце, по што станала недостапна на телефонските повици.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија која станала недостапна по влезот во земјава


Сподели преку

Заталкан куршум оштетил автомобил во Гази Баба

Шофершајбната на патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки била оштетена од заталкано зрно од огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 2 август околу 16:20 часот во СВР Скопје од 40-годишниот Д.М. од Скопје. Инцидентот се случил на подрачјето на општина Гази Баба.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до оштетувањето на возилото.

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Заталкан куршум оштетил автомобил во Гази Баба


Сподели преку

Полициски службеник приведен поради напад врз жена со која бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија денеска околу 4:00 часот во Стар Дојран лишиле од слобода 35-годишен полициски службеник од Ресен, осомничен дека физички нападнал жена со која бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, постапено е по претходна пријава дека на 1 и 2 август во Стар Дојран тој физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп и нејзиниот малолетен син.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното ј

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Полициски службеник приведен поради напад врз жена со која бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син


Сподели преку

Жена пријавила дека била претепана од сопругот во Центар

Четириесет и четиригодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од својот сопруг во семејниот дом на подрачјето на скопската населба Центар.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била поднесена на 3 август околу 4:00 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, жената била нападната од нејзиниот 42-годишен сопруг А.С.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Жена пријавила дека била претепана од сопругот во Центар


Сподели преку

„Во водата во Гостивар е откриена опасна бактерија, се доставува питка вода со цистерни“, вели Ангелов

Водата од градскиот водовод во Гостивар е микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање поради присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според Ангелов, оваа бактерија претставува ризик за здравјето, особено за лицата со ослабен имунолошки систем. Таа може да предизвика инфекции на кожата, очите и ушите, а кај почувствителни лица и инфекции на уринарниот тракт и белите дробови. Дополнителен проблем, како што

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Во водата во Гостивар е откриена опасна бактерија, се доставува питка вода со цистерни“, вели Ангелов


Сподели преку

Едно лице тешко повредено во судир на „опел“ и „фолксваген шаран“ во Скопје

Во сообраќајна несреќа што се случила на 2 август околу 15:40 часот на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, едно лице се здобило со тешки, а едно со телесни повреди.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот П.Б. од Скопје, и патничко возило „фолксваген шаран“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 41-годишниот М.Ј. о

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Едно лице тешко повредено во судир на „опел“ и „фолксваген шаран“ во Скопје


Сподели преку

Моторциклист тешко повреден во судир со автомобил кај „Св. Стефан“ во Охрид

Шеесет и тригодишен моторциклист од струшкото село Октиси е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, несреќата се случила на 2 август околу 16:15 часот, кај крстосницата за туристичката населба „Св. Стефан“. Во судирот учествувале моторцикл управуван од И.А. (63), автомобил „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал К.С. (44) од Скопје, како и паркиран автомобил „Рен

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Моторциклист тешко повреден во судир со автомобил кај „Св. Стефан“ во Охрид


Сподели преку

19-годишна девојка тешко повредена откако со „голф“ излетала од патот кај Неготино

Деветнаесетгодишна девојка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, информира Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, случајот бил пријавен на 2 август во ОВР Неготино. Околу 19:40 часот, кај местото викано „Антените“, патничко возило „Фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.Во несреќата во

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

19-годишна девојка тешко повредена откако со „голф“ излетала од патот кај Неготино


Сподели преку

Германија под аларм поради екстремни горештини, издадено предупредување за речиси целата земја

Германската метеоролошка служба (DWD) издаде предупредување за уште еден ден со екстремно високи температури, кое важи за речиси целата територија на земјата.Според прогнозите, најкритична ќе биде состојбата во централните, јужните и источните делови на Германија, каде што најголемото топлотно оптоварување се очекува во периодот од 11 до 19 часот. Исклучок се само делови од северот и северозападот на земјата.Предупредувањето се однесува на услови во кои високите температури создаваат сериозно оп

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Германија под аларм поради екстремни горештини, издадено предупредување за речиси целата земја


Сподели преку

Русија и Северна Кореја градат нов мост, Киев стравува од префрлање војници

Русија и Северна Кореја привршуваат со изградбата на нов патен мост што ќе ги поврзува двете земји, а проектот предизвикува загриженост во Украина поради стравувањата дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и воена опрема.Мостот се гради во близина на руското населено место Хасан, каде што веќе постои железничка врска меѓу двете држави. Иако Москва официјално наведува дека проектот има за цел да ги зајакне трговијата, логистиката и економската соработка, украински и з

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Русија и Северна Кореја градат нов мост, Киев стравува од префрлање војници


Сподели преку

Ријана повторно ги воодушеви фановите со новата кампања за долна облека

Ријана повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, претставувајќи ја најновата колекција на својот бренд за долна облека „Savage X Fenty“.Популарната пејачка, која во последните години е повеќе посветена на модниот и бизнис-светот отколку на музиката, позираше во чипкана долна облека, комбинирана со подвезици и проѕирни чорапи. Изгледот го надополни со впечатлив накит, вклучувајќи огрлица и прстени.Фотографиите за само неколку часа собраа повеќе од еден милион лајкови, а обожаватели

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Ријана повторно ги воодушеви фановите со новата кампања за долна облека


Сподели преку

Нафтените компании со рекордна добивка по кризата во Ормускиот Теснец

Големите светски нафтени и гасни компании остварија рекордни финансиски резултати во вториот квартал од годината, благодарение на наглиот раст на цените на енергенсите предизвикан од конфликтот меѓу САД и Иран и нарушувањата во испораките преку Ормускиот Теснец.Шестмесечниот конфликт сериозно го наруши поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, низ кој претходно се транспортираше околу една петтина од светската нафта и природен гас. Намалената понуда ја зголеми цената на суровата нафта „Брент“ о

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Нафтените компании со рекордна добивка по кризата во Ормускиот Теснец


Сподели преку

„Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвинуваат дека додека премиерот Христијан Мицкоски патува со државниот авион, граѓаните со часови чекаат во долги колони на граничните премини кон Грција.Според партијата, покрај метежот на граничниот премин „Богородица“, долги колони се формирале и кај преминот „Дојран“, каде, како што тврдат, возилата биле наредени сè до месноста „Св. Илија“.Од СДСМ оценуваат дека ваквата состојба е резултат на политиките што ги води Владата, обвинувајќи ја за изолација на државата и соз

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница“, велат од СДСМ


Сподели преку

Иран го демантира Трамп: Нема преговори со САД, ниту договорени средби

Иран соопшти дека во моментов не води никакви преговори со Соединетите Американски Држави и дека не се планирани средби меѓу двете земји, демантирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп претходно изјави дека се откажал од планираните воени напади бидејќи, како што рече, разговорите со Иран требало да започнат попладнето. Тој нагласи дека повеќе би сакал да се постигне договор отколку да дојде до ново крвопролевање, но не откри каде би се одржале разговорите ниту кој би у

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Иран го демантира Трамп: Нема преговори со САД, ниту договорени средби


Сподели преку