Жители на Аеродром алармираат за голема дупка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“
Жители на скопската општина Аеродром преку Фејсбук групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“ предупредуваат на голема дупка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, кај број 13, во близина на „Кам маркет“.Според објавата, станува збор за кратер кој претставува сериозна опасност за безбедноста на пешаците и возачите.Граѓаните апелираат до надлежните служби што поскоро да интервенираат и да ја санираат оштетената коловозна површина за да се спречат евентуални несреќи.