Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, изјави дека Македонија заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија, оценувајќи дека земјата предолго е изложена на политички блокади.Во текстот се потсетува дека Македонија има статус на кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ, но и по две децении сè уште не ги започнала суштинските

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ


Сподели преку

„Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека најновиот извештај на Евростат за куповната моќ ги демантира тврдењата на опозицијата, истакнувајќи дека Македонија не е на дното на европската листа, туку, како што рече, е пред сите земји од регионот и пред неколку земји членки на Европската Унија.Одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, Мицкоски рече дека во изминатите денови опозицијата и дел од медиумите воделе,

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот“, вели Мицкоски


Сподели преку

Мицкоски: 30 години чекавме да се заврши железницата кон Бугарија, конечно оваа Влада го затвори ова прашање како проект и финансиска конструкција

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по повеќе од три децении конечно е затворена проектната и финансиската конструкција за источниот дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија, оценувајќи дека проектот сега претставува функционална целина, а не, како што рече, „половина тунел во средина на ништо“.Тој посочи дека во изминатите две години биле направени напори за усогласување со Бугарија, при што биле постигнати договори и преземени обврски за модернизација на железничката делница од бугарска

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Мицкоски: 30 години чекавме да се заврши железницата кон Бугарија, конечно оваа Влада го затвори ова прашање како проект и финансиска конструкција


Сподели преку

13-годишно момче нападнато од група малолетници во Тетово

Тринаесетгодишно момче било физички нападнато од неколку малолетници на улица во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, на 5 август во 20:10 часот во СВР Тетово, П.С. (37) од Тетово пријавил дека околу 17:45 часот на улицата „Јордан Златановски“ неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници.Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

13-годишно момче нападнато од група малолетници во Тетово


Сподели преку

Откриена кражба на струја во Мала Речица: Нелегално се снабдувале угостителски објект и кат од куќа

Екипи на ЕВН Македонија откриле нелегално приклучување на електричната мрежа во тетовското село Мала Речица, при што незаконски преземената електрична енергија била користена за напојување на угостителски објект и кат од куќа.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 12:00 часот во СВР Тетово, од ЕВН Македонија било пријавено дека на бандера со мерно броило, сопственост на Ф.С., а користено од Е.С. (52) од село Мала Речица, било констатирано нелегално приклучување.Спо

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Откриена кражба на струја во Мала Речица: Нелегално се снабдувале угостителски објект и кат од куќа


Сподели преку

Расправија во угостителски објект во Тетово: Вработен со остар предмет повредил гостин

Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Мала Речица е задржан во полициска станица откако, според пријавата, по расправија во угостителски објект во Тетово со остар предмет повредил 53-годишен маж.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица.Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до расправија меѓу не

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Расправија во угостителски објект во Тетово: Вработен со остар предмет повредил гостин


Сподели преку

Една недела се заканувал на родителите со остар предмет, откако не му дале пари искршил дел од покуќнината и се обидел со остар предмет да го нападне татко му

Триесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако, според пријавата, подолг период им се заканувал на своите родители со остар предмет, а во еден случај се обидел да го нападне и својот татко.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 08:25 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.М. (32), постапувајќи по претходна пријава.Според пријавеното, во текот на изминатата недела тој постојано им се заканувал на родителите со остар предмет, а на 3 авг

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Една недела се заканувал на родителите со остар предмет, откако не му дале пари искршил дел од покуќнината и се обидел со остар предмет да го нападне татко му


Сподели преку

Пукал на семејна веселба во Боговиње, куршум оштетил покрив на куќа – приведен 60-годишник

Шеесетгодишен жител на тетовското село Боговиње е лишен од слобода откако, според МВР, пукал на семејна веселба, при што еден од куршумите оштетил покрив на куќа во селото Синичане.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 6 август полициски службеници од СВР Тетово го привеле Т.С. (60) од село Боговиње, поради сомнение дека претходната вечер, околу 23 часот, употребил огнено оружје за време на семејна веселба.Еден од испуканите куршуми го оштетил покривот на куќа сопственост на

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Пукал на семејна веселба во Боговиње, куршум оштетил покрив на куќа – приведен 60-годишник


Сподели преку

Тони Михајловски стана професор по актерска игра

Македонскиот актер Тони Михајловски ќе биде професор по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје.Тој преку видео-обраќање соопшти дека му е доверена Катедрата по актерска игра и ги повика идните студенти да се пријават.„Катедрата по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ ми е доделена мене. Доколку сакате да бидете дел од новата класа на истата катедра, запишете се и пријавете се на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје“, рече Михајловски.Тони Михајловски е еден од најпозн

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Тони Михајловски стана професор по актерска игра


Сподели преку

Објавени конечните резултати од матурата: Просечната оценка е 3,66

Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од јунската матурска сесија, два месеци по полагањето на првиот екстерен испит и по разгледувањето на сите поднесени приговори.Просечната оценка од трите типа матура годинава изнесува 3,66. Кај државната матура просекот е 3,62, кај државната стручна матура 3,91, а кај државната уметничка матура 3,59.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека е задоволна од постигнатите резултати, истакнувајќи дека тие се ре

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Објавени конечните резултати од матурата: Просечната оценка е 3,66


Сподели преку

(Видое) Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август

На прес-конференција, Маја Борозан денеска обвини дека состојбата со водата за пиење во Гостивар и понатаму е сериозна, посочувајќи дека официјалните резултати од анализите ќе бидат познати дури на 20 август.Борозан изјави дека, според партијата, илјадници граѓани се соочиле со последици од загадената вода, обвинувајќи ги Владата и надлежните институции за, како што рече, колапс на системот.Од СДСМ прашаа врз основа на кои анализи водата била прогласена за „технички исправна“ и безбедна за корис

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видое) Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август


Сподели преку

„СДС е во целосна конфузија, сто теми во едно соопштение, а ниту еден аргумент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешното соопштение на СДС оцени дека опозициската партија се наоѓа во „целосна конфузија“ и дека во едно соопштение изнесува повеќе теми без, како што велат, ниту еден аргумент.Од владејачката партија тврдат дека соопштението на СДС е доказ за политичка паника и внатрепартиски хаос, обвинувајќи го раководството на партијата дека ја довело СДС на маргините на политичката сцена.„Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај. СДС е партија

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„СДС е во целосна конфузија, сто теми во едно соопштение, а ниту еден аргумент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ


Сподели преку

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким

Харизматичниот  холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет  и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“.Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а  продолжија со уште една Соната за виолина и пијано  од Франсис Пуленк. Репертоарот го  заокружија со Фантазија за виолина и пијано од Шуберт, ремек-дело напишано во декември 1827 година.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким


Сподели преку

(Видео) 81 година од атомската бомба врз Хирошима: Јапонија предупреди дека светот не смее да ја повтори истата трагедија

Хирошима денеска ја одбележува 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа.Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во Декларацијата за мир порача дека релативизирањето на последиците од нуклеарното оружје и прифаќањето на силата како средство за остварување политички цели може да доведе до нов циклус

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) 81 година од атомската бомба врз Хирошима: Јапонија предупреди дека светот не смее да ја повтори истата трагедија


Сподели преку

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

Во пресрет на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Брисел, СДСМ преку соопштение обвини дека Владата подготвува „таен план“ поврзан со евроинтеграциите и евентуалното продолжување на преговорите со Европската Унија.Од партијата велат дека Брисел во август не е дестинација за туристички посети, туку место каде што се оди исклучиво кога има конкретни разговори со институциите на Европската Унија. Според нив, посетата на Мицкоски доаѓа во период кога Владата нема резултати на другите полиња

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“


Сподели преку

65 случаи на вирусот Западен Нил во Грција, шестмина починаа

Грција бележи зголемување на бројот на случаи на вирусот Западен Нил, а само во изминатата недела се регистрирани 23 нови заразени, соопшти Грчкиот национален институт за јавно здравје.Заклучно со 5 август, во земјата се потврдени вкупно 65 случаи на инфекција. Најголем број од нив се регистрирани во Глифада, а најпогодени региони се Атика и Тесалија.Од вкупно 65 заразени, кај 54 лица се развиле тешки компликации на централниот нервен систем, меѓу кои енцефалитис и менингитис, пренесува „Катимер

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

65 случаи на вирусот Западен Нил во Грција, шестмина починаа


Сподели преку

(Видео) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што, по налог на Мицкоски, ги нападнаа младите во Ново Село

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Кети Штерјова, побара од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство итно да ги идентификуваат и процесуираат лицата кои, според партијата, ги нападнале младите активисти во Ново Село.Штерјова изјави дека младите биле нападнати откако носеле транспарент со порака дека водата во Гостивар е загадена.Партијата тврди дека зад нападот стојат лица кои, како што наведува, дејствувале „по налог на Христијан Мицкоски“, притоа обвину

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што, по налог на Мицкоски, ги нападнаа младите во Ново Село


Сподели преку

Иран би можел да добие поголема контрола врз Ормускиот Теснец

Можен договор меѓу Иран и Оман би можел значително да го промени режимот на пловидба низ Ормускиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и природен гас, јавуваат регионални извори и Ројтерс.Според информациите, предлогот е дел од пошироките напори за ставање крај на петмесечниот конфликт меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Доколку биде постигнат договор, бродовите што влегуваат и излегуваат од Персискиот Залив би можеле да пловат низ иранските територијал

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Иран би можел да добие поголема контрола врз Ормускиот Теснец


Сподели преку

Околу 800 жители од улицата „Антон Попов 1“ стравуваат дека ископите за подземната сообраќајница кај „Лимак“ ќе ја загрозат безбедноста на нивната зграда

Жителите и сопствениците на деловни простори во станбениот комплекс на улицата „Антон Попов 1“ во центарот на Скопје изразуваат загриженост поради претстојната изградба на влезот во подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“. Според нив, ископите што се планирани во непосредна близина на објектот можат да ја доведат во прашање безбедноста на зградата и на нејзините жители.Град Скопје треба да ја започне втората фаза од реализацијата на булеварот „Македонија“, која предвидува изградба на вле

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Околу 800 жители од улицата „Антон Попов 1“ стравуваат дека ископите за подземната сообраќајница кај „Лимак“ ќе ја загрозат безбедноста на нивната зграда


Сподели преку

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“  од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ.  Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица  Дашиќ.Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува на меѓународната сцена веќе долги години покажувајќи в

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“


Сподели преку

(Видео) Србија се бори со пожари на повеќе локации

Србија се соочува со повеќе пожари предизвикани од екстремниот топлотен бран, а пожарникарите и припадниците на Секторот за вонредни ситуации вложуваат максимални напори за локализирање на огнените стихии.Под контрола е ставен пожарот на регионалната депонија „Срем–Мачва“, благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и вработените во претпријатието. Во акцијата учествувале пет противпожарни возила, пет цистерни и шест камиони за нанесување земја, со која се покрива телото на депониј

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Србија се бори со пожари на повеќе локации


Сподели преку

Поради нискиот водостој на Дунав, Нови Сад ги повика граѓаните рационално да ја трошат водата

Иако во моментов има доволно вода за снабдување на населението, нискиот водостој на Дунав дополнително го оптоварува водоводниот систем во Нови Сад, поради што надлежните апелираат граѓаните водата да ја користат рационално и наменски.Раководителот на Секторот за односи со јавноста во ЈКП „Водовод и канализација“, Радош Ќировиќ, изјави дека системот за водоснабдување на Нови Сад се потпира на подземни води кои се директно поврзани со нивото на Дунав, па секое намалување на водостојот претставува

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Поради нискиот водостој на Дунав, Нови Сад ги повика граѓаните рационално да ја трошат водата


Сподели преку

Германски туристи казнети бидејќи со велосипеди влегле во забранета зона на границата со Русија

Двајца германски туристи се казнети откако со велосипеди влегле во забранета зона долж полско-руската граница во близина на градот Венгожево, на североистокот на Полска.Според полската Гранична стража, мажот и жената биле снимени од безбедносните камери како го игнорираат сообраќајниот знак со кој е забрането движење во двете насоки, бидејќи сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија.Поради прекршувањето, двајцата добиле казна од по 500 злоти (околу 117 евра). Дополнител

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Германски туристи казнети бидејќи со велосипеди влегле во забранета зона на границата со Русија


Сподели преку

ФИФА му даде целосна поддршка на Инфантино и покрај скандалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се извини за пропустите поврзани со контроверзниот план за продажба на удел во натпреварувањата на приватни инвеститори, но доби целосна поддршка од раководството на светската фудбалска организација и останува на функцијата.На состанокот, одржан во Рабат, раководството на ФИФА призна дека имало пропусти во начинот на кој бил воден процесот, како и во комуникацијата со националните фудбалски сојузи.Инфантино и генералниот секретар Матијас Графстрем во заедни

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

ФИФА му даде целосна поддршка на Инфантино и покрај скандалот


Сподели преку