Облачно со повремени врнежи од дожд, локално ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Минималната температура ќе се движи од 7 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.Во Скопје ќе биде претежно облачно, со повремен дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 14 степени