СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија
Брисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии. Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување, велат од опозициската СДСМ.„Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски.Одвои осум дена. Остануваат уште седум.Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“.Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава