Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма.Тој потенцира дека

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори


Сподели преку

(Видео) Се посраа во Охридското Езеро

Нарушување на јавниот ред, расфрлана храна, сообраќаен метеж, лебарки, непристојни сцени и возење низ охридската чаршија – повеќе видеа испратени од граѓани го прикажуваат Охрид во текот на ноќта и раните утрински часови.Снимките се направени на различни локации во централното градско подрачје и на кејот, а дел од нив покажуваат бучава во раните утрински часови, расфрлана храна и појава на голем број лебарки.На едно од видеата се гледа и несоодветно однесување на јавен простор, додека друга сним

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Се посраа во Охридското Езеро


Сподели преку

„Среќен празник, намќори“: Богдан Илиевски со порака до критичарите на прославата за независноста

Поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен водител на „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, Богдан Илиевски, со остра порака до оние кои ја критикуваат прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија. (ТВ Алфа)Под наслов „Среќен празник, намќори“, Илиевски на Фејсбук ги критикува ставовите според кои нема што да се слави поради проблемите во државата, потсетувајќи на коментарите за корупцијата, загадувањето, трагедиите и други општествени проблеми.Според него, дел од кри

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Среќен празник, намќори“: Богдан Илиевски со порака до критичарите на прославата за независноста


Сподели преку

„Постојано го слушаме зборот независност, а ретко одговорност“ – адвокатката Зефиќ за одлуката на Уставниот суд

Адвокатката Павлина Зефиќ реагира на соопштението на Судскиот совет и Здружението на судиите по повод одлуката на Уставниот суд за постапувањето на судија од Основниот граѓански суд.Според неа, главниот аргумент во реакциите е дека одлуката на судијата не е правосилна и дека за неа допрва треба да одлучува Апелациониот суд, поради што институциите треба да бидат внимателни за да не влијаат врз исходот на постапката.Зефиќ вели дека никој не ја спори судската независност, но оти во јавноста премно

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Постојано го слушаме зборот независност, а ретко одговорност“ – адвокатката Зефиќ за одлуката на Уставниот суд


Сподели преку

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Воислав Попоски од СДСМ Вевчани реагираше на начинот на кој, според него, се претставени достигнувањата на Македонија во спотот посветен на 35-годишнината од независноста.Тој смета дека во видеото се прикажани спортски успеси и други значајни личности и настани од македонската историја, но дека намерно бил изоставен поранешниот премиер Зоран Заев.Попоски посочи дека во спотот е вклучен и поранешниот претседател Киро Глигоров, како и настапот на Дурловски, за кого вели дека бил дел од политичка к

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ


Сподели преку

Повторно се разгоре пожарот во Словенија, гаснењето отежнато поради непристапниот терен

Пожарот над селото Срењи Врх, во близина на Крањска Гора во Словенија, повторно се разгорел денеска, откако минатата сабота бил речиси целосно изгаснат.Гаснењето е насочено кон две жаришта на тешко пристапен терен, каде што интервенираат пожарникари, воен хеликоптер и два авиона „Ер трактор“.На површина од околу еден хектар сè уште има подземни жаришта, односно пожарот тлее под површината. Целта на екипите е да го натопат земјиштето со вода и да спречат повторно ширење на пожарот на површината.П

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Повторно се разгоре пожарот во Словенија, гаснењето отежнато поради непристапниот терен


Сподели преку

Маж завршил на Инфективна клиника по каснување од змија во Ниш

Маж бил каснат од змија во близина на автобуската станица во Ниш, по што бил задржан на Инфективната клиника за набљудување.Инцидентот се случил на булеварот „12 Февруари“, каде што змијата го каснала мажот за ногата. По лекарскиот преглед било утврдено дека станува збор за неотровна змија, поради што немало потреба од примена на серум.Поради претпазливост, мажот бил задржан преку ноќ на клиниката, а денеска се очекува да биде пуштен дома.Херпетологот Данко Јовиќ објаснува дека појавата на змии

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Маж завршил на Инфективна клиника по каснување од змија во Ниш


Сподели преку

Медузи ја прекинаа работата на три нуклеарни реактори во Франција

Три реактори во нуклеарната централа Гравлин во северна Франција биле исклучени откако рој медузи ги блокирал пумпите за ладење со морска вода, соопшти енергетската компанија ЕДФ.Инцидентот се случил во понеделникот, при што три реактори биле целосно исклучени, додека моќноста на четвртиот била намалена за половина. Петтиот реактор продолжува да работи со полн капацитет, а шестиот бил исклучен и претходно поради редовно одржување.Од ЕДФ соопштија дека ситуацијата не претставува опасност за безбе

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Медузи ја прекинаа работата на три нуклеарни реактори во Франција


Сподели преку

Над 3.000 тужби против социјалните мрежи поради наводно зависнички дизајн

Американскиот апелациски суд дозволи да продолжат постапките против Мета, Гугл, ТикТок и други компании за социјални мрежи, кои се обвинети дека нивните платформи се дизајнирани на начин што поттикнува зависност кај младите.Деветтиот окружен апелациски суд во Сан Франциско ја потврди одлуката на понискиот суд, со што се овозможува продолжување на повеќе од 3.000 обединети тужби. Технолошките компании претходно се повикаа на законскиот имунитет од членот 230 од Законот за пристојност во комуникац

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Над 3.000 тужби против социјалните мрежи поради наводно зависнички дизајн


Сподели преку

(Видео) Капач мислел дека го брка ајкула, а во плиткото го чекала туна тешка речиси 300 килограми

Капачите на плажата Анкон во Марбела останале во шок кога огромна риба се појавила во близина на брегот и почнала да следи еден од капачите, кој во паника се обидувал што побрзо да стигне до копното.Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат моментот кога голема риба со истакната перка се појавува во водата покрај капачот. Тој во првиот момент помислил дека станува збор за ајкула и очајнички пливал кон брегот, додека луѓето од плажата почнале да врескаат и да трчаат покрај водата.Отка

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

(Видео) Капач мислел дека го брка ајкула, а во плиткото го чекала туна тешка речиси 300 килограми


Сподели преку

„Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка“, вели Серафимовски

Договор за откупната цена на ајварската пиперка е постигнат меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите, соопшти денеска од Струмица министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.Според договореното, од утре пиперката ќе се откупува по 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора и индустриска класа, додека за најниската класа цената ќе изнесува 15 денари.Серафимовски информираше дека договорот е постигнат по повеќедневни разговори со земјоделците, откупувач

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка“, вели Серафимовски


Сподели преку

16-годишен малолетник тешко повреден откако возило го удрило додека туркал тротинет, возачот избегал

Шеснаесетгодишен малолетник од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Адем Демачи“ во Скопје.Според МВР, несреќата била пријавена на 10 август во 16:55 часот. Патничко возило удрило во малолетникот додека тој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото.Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Полиција

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

16-годишен малолетник тешко повреден откако возило го удрило додека туркал тротинет, возачот избегал


Сподели преку

„Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство - институциите ги зајакнуваат превентивните и казнените мерки“, вели Јаневска

Околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во просек се пријавуваат во училиштата во последните три учебни години, но иако бројот не расте, загрижува зголемената бруталност во дел од случаите, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.Таа ова го посочи на панел-дискусијата „Меѓуврсничко насилство и вандализам“ во Охрид, организирана по повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август.Јаневска нагласи дека превенцијата е еден од клучните начини за справување со проблемот. Со зак

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство - институциите ги зајакнуваат превентивните и казнените мерки“, вели Јаневска


Сподели преку

Тепачка со тврди предмети во Драчево, повреден 16-годишник и нападнат полицаец

Шест лица се приведени во Скопје по физичка пресметка во Драчево, во која бил повреден 16-годишник, а подоцна бил нападнат и полициски службеник.Од МВР информираат дека на 10 август во 23:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33), сите од Скопје.Според пријавеното, околу 22:30 часот лицата го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што биле употребени и тврди предмети. Во пресметката била нанесена расекотина н

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Тепачка со тврди предмети во Драчево, повреден 16-годишник и нападнат полицаец


Сподели преку

Со огнено оружје запреле возило и ограбиле татко и син кај Сарај

Татко и син биле ограбени на локалниот пат меѓу селата Рашче и Сарај, откако две лица со закана со огнено оружје ги запреле и им одзеле лични предмети.Од МВР информираат дека на 11 август во 00:50 часот во СВР Скопје, И.Р.(33) од скопско пријавил дека околу 00:30 часот, додека управувал патничко возило на локалниот пат Рашче–Сарај, бил сопрен од две лица.Според пријавеното, лицата со закана со огнено оружје од него и неговиот син одзеле мобилни телефони, пари и други лични предмети.Од полицијата

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Со огнено оружје запреле возило и ограбиле татко и син кај Сарај


Сподели преку

Под дејство на алкохол ја оштетувал покуќнината и се заканувал на семејството

Полицијата во Свети Николе лишила од слобода 37-годишен маж по пријава дека под дејство на алкохол предизвикал инцидент во семејниот дом.Од МВР информираат дека на 11 август во 01:50 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.Н.(37).Според пријавеното, претходната вечер околу 23:30 часот, во семејниот дом во Свети Николе, тој под дејство на алкохол оштетил дел од покуќнината и упатувал закани кон членови на семејството.За настанот е известен јавен обвинител. По целосн

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Под дејство на алкохол ја оштетувал покуќнината и се заканувал на семејството


Сподели преку

Ќерка ја нападнала својата 72-годишна мајка

Полицијата во Радовиш лишила од слобода 46-годишна жена по пријава дека физички ја нападнала својата 72-годишна мајка.Од МВР информираат дека на 10 август во 22:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Р.Ј.Н., која престојува во Радовиш.Според пријавеното, таа во куќата во која престојува во Радовиш физички ја нападнала нејзината мајка.Жената била задржана во Полициската станица Радовиш. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документира

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Ќерка ја нападнала својата 72-годишна мајка


Сподели преку

Товарно возило излетало од патот кај Радовиш, едно лице тешко повредено

Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат од село Ињево кон Радовиш, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 10 август околу 16:20 часот, на местото викано „Горен пат“. Товарно возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Н.Н. од село Ињево, излетало надвор од патот.Во несреќата тешко бил повреден сопатникот А.Ј. (22) од село Воиславци, чии повреди биле констатирани во Клиничката болница

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Товарно возило излетало од патот кај Радовиш, едно лице тешко повредено


Сподели преку

Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани

Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани.Од МВР информираат дека на 10 август во 18:10 часот, во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во езерото била пронајдена бомба.За случајот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, која треба да преземе активности за подигнување на експлозивната направа.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани


Сподели преку

Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 66-годишниот И.С.Б. од село Баниште, дебарско, поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.Според пријавеното, во текот на 2025 и 2026 година, на дел од катастарски парцели во катастарската општина Баниште, тој на државно земјиште изградил ограден ѕид со настрешница, без претходно да добие решение за поставување од надлежен орган.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација


Сподели преку

Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и 43-годишниот О.Ј. од село Слатино, вработен во компанијата, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“.При контрола извршена на 17 април 2026 година во правното лице, полициските службеници го затекнале О.Ј., при што во касата биле пронајдени странски банкноти.По документирањето на случајот, СВР Тетово поднело соодветна кривична пријава против правното лице и вработениот.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута


Сподели преку

28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово, поради сомнение дека лажно пријавил кражба и со тоа сторил кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.Според пријавеното, на 3 март 2026 година, во СВР Тетово, Т.М. пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите дедо и баба му одзеле пари во износ од околу 3,5 милиони денари.По преземените мерки, утврдено е дека пријавата била лажна, поради што против него е поднесена кривична пријава.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари


Сподели преку

Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица

Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта на улицата „Младинска“ во Струмица, при што тешко бил повреден 17-годишен мотоциклист.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 01:51 часот, а во неа учествувале патничко возило „фиат 500“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од село Просениково, и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица.Во судирот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и малолетниот сопатник кој се наоѓ

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица


Сподели преку

Топлотниот бран ја поскапува електричната енергија за 20 отсто, француските нуклеарки го намалуваат производството

Нов топлотен бран предизвика значителен раст на цените на електричната енергија во Франција, додека високите температури дополнително го ограничуваат производството во нуклеарните централи. Во исто време, се очекува зголемена потрошувачка поради поголемата употреба на системите за ладење.На францускиот физички пазар, цената на мегават-час електрична енергија со испорака во среда, во вторникот наутро порасна за 21,8 проценти, на 142,5 евра, покажуваат податоците на LSEG.Дополнителниот раст на тем

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Топлотниот бран ја поскапува електричната енергија за 20 отсто, француските нуклеарки го намалуваат производството


Сподели преку