26-годишно девојче било нападното од поранешното момче

Дваесет и шестгодишна девојка од Гостивар пријавила дека била физички нападната и добивала закани од нејзиното поранешно момче.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 2:35 часот во Полициското одделение Галате. Девојката пријавила дека околу полноќ, во гостиварско село, била нападната од нејзиниот поранешен партнер У.З., кој е од истото село.Таа, исто така, пријавила дека тој ѝ упатувал закани.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

пред 3 месеци | 1
skopje1.mk

26-годишно девојче било нападното од поранешното момче


Сподели преку

Тројца скопјани приведени кај Тетово, во автомобилот пронајдени предмети од тешки кражби

Тројца млади од Скопје, меѓу кои и 16-годишна малолетничка, биле лишени од слобода во текот на ноќта кај Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.Од МВР информираат дека на 13 август во 1:30 часот, на паркинг пред бензинска пумпа на излезот од Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 19-годишните А.А. и А.М., како и 16-годишната малолетничка, сите од Скопје.При контролата на патничко возило „ауди А6“ со скопски регистарски таблички, во кое се прев

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Тројца скопјани приведени кај Тетово, во автомобилот пронајдени предмети од тешки кражби


Сподели преку

Мајка и ќерка приведени по закани и обид за напад врз вработени во Центарот за социјални работи

Мајка и ќерка од Тетово биле лишени од слобода откако, според пријавеното, се заканувале и се обиделе физички да нападнат две вработени во Центарот за социјални работи во Тетово.Од МВР информираат дека на 12 август во 11:45 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 63-годишната М.Н. и 32-годишната С.Н., двете од Тетово.Според пријавеното, С.Н. била повикана во Центарот за социјални работи во врска со претходно пријавен случај на семејно насилство. Таа во Центарот пристигнала

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Мајка и ќерка приведени по закани и обид за напад врз вработени во Центарот за социјални работи


Сподели преку

Масовна кражба во Салцбург: Исчезнаа 210 фигурини на Моцарт од познат парк

Изложбата на германскиот уметник Отмар Херл во Салцбург е предвреме прекината откако од познатиот парк Мирабел биле украдени 210 од вкупно 230 позлатени минијатурни скулптури на Волфганг Амадеус Моцарт.Станува збор за дел од поставка со околу 320 фигурини на славниот композитор, распоредени на повеќе локации во Салцбург по повод 270-годишнината од неговото раѓање.Фигурите високи околу 50 сантиметри биле поставени во градините Мирабел во средината на јули. Херл смета дека кражбата не ја извршиле

пред 3 месеци | 3
skopje1.mk

Масовна кражба во Салцбург: Исчезнаа 210 фигурини на Моцарт од познат парк


Сподели преку

Скопјанец пронајден мртов во својот дом во Центар

41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во општина Центар.На местото пристигнале полициски екипи и Итната медицинска помош, чии екипи констатирале смрт. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што треба да бидат утврдени причините за смртта.Полицијата презема активности за утврдување на околностите под кои настанал случајот.

пред 3 месеци | 1
skopje1.mk

Скопјанец пронајден мртов во својот дом во Центар


Сподели преку

Чибишев за лажните информации за скопската вода: Доколку водата беше контаминирана со ешерихија коли, ќе имавме над 50 илјади пациенти

Поранешниот директор на Токсикологија и поранешен пратеник, доктор Андон Чибишев, реагираше на информациите што се шират на социјалните мрежи за наводна контаминација на водата за пиење во Скопје со бактеријата Escherichia coli.Чибишев вели дека не го разбира мотивот за ширење на, како што ги нарекува, дезинформации, посочувајќи дека последиците од евентуална бактериска контаминација би можеле да бидат сериозни.„Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Es

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Чибишев за лажните информации за скопската вода: Доколку водата беше контаминирана со ешерихија коли, ќе имавме над 50 илјади пациенти


Сподели преку

Пронајден мртов долгогодишниот оперативен директор на телевизија „Алсат“, Лирим Хајредини

Тело на 38-годишниот Лирим Хајредини од Скопје утрово било пронајдено пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен околу 9:25 часот во СВР Скопје. На местото веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, при што било констатирано дека лицето им подлегнало на здобиените повреди.Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.За случајот е известен јавен обвинител, а во тек е увид на местото на настанот

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Пронајден мртов долгогодишниот оперативен директор на телевизија „Алсат“, Лирим Хајредини


Сподели преку

Трагичен пресврт на Јадранот: Пронајдено тело на еден од исчезнатите Португалци, потрагата продолжува

Потрагата на хрватскиот Јадран доби трагичен пресврт – пронајдено е телото на еден од исчезнатите Португалци, додека по уште едно лице продолжува потрагата.Според хрватските медиуми, телото било пронајдено во морето, а околностите сè уште се утврдуваат. Претходно, во средата, во морето и на брегот на островот Крк беа пронајдени двајца португалски државјани – млада жена и маж.Мажот бил пронајден околу три километри јужно од Врбник, додека 33-годишната жена била пронајдена во морето, каде што, спо

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Трагичен пресврт на Јадранот: Пронајдено тело на еден од исчезнатите Португалци, потрагата продолжува


Сподели преку

Нова ера за фактурирањето: УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банките

Управата за јавни приходи го презентираше системот е-Фактура пред претставници на банкарскиот сектор, во рамки на работилница организирана во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА).На работилницата учествуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор, кои имаа можност да се запознаат со функционалностите и можностите на системот, како и практично да го следат процесот на креирање електронска фактура.Од УЈП посочуваат дека вклучувањето на банкарскиот сектор е особено значајно пор

пред 3 месеци | 2
skopje1.mk

Нова ера за фактурирањето: УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банките


Сподели преку

Фрлиле дрога од автомобил при полициска контрола: приведени две лица од Кичево

На подрачјето на Кичево полицијата пронашла пакување со бела прашкаста материја, а во врска со случајот се лишени од слобода две лица.Како што информира МВР, на 11 август во 21:30 часот во селото Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода И.Б. (43) и А.Л. (29), двајцата од Кичево.Претходно, полицајците дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., додека А.Л. бил сопатник. Во моментот кога возилото било запр

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Фрлиле дрога од автомобил при полициска контрола: приведени две лица од Кичево


Сподели преку

Брачен пар се враќал од одмор во Грција, доживеал страшна несреќа: Сопругата загина на лице место, по неколку недели почина и тој

Трагедијата што го погоди брачниот пар од Бор по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија доби трагичен епилог. По повеќенеделно лекување, починал 52-годишниот Братислав П., чија сопруга Татјана (54) го загубила животот на местото на несреќата.Брачниот пар се враќал од летување во Грција кога, кон крајот на јули, доживеал тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Е-79, во близина на Симитли.Според досега објавените информации, автомобилот со борски регистарски таблички, од засега непознати п

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Брачен пар се враќал од одмор во Грција, доживеал страшна несреќа: Сопругата загина на лице место, по неколку недели почина и тој


Сподели преку

По паниката со наводна бактерија во водата: МВР ги повикува лицата во станица, едно од нив не одговара кои се “сигурните извори” кои и ја кажале информацијата

МВР презема мерки против профилите од кои се ширеа непоткрепени информации дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли и дека на Инфективната клиника веќе имало два случаи поврзани со наводната контаминација.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдија дека постапува Секторот за компјутерски криминал, дека се утврдуваат профилите на лицата кои ги објавувале ваквите информации и дека тие се повикуваат на информативен разговор.„Во врска со вашите прашања ве известуваме дека

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

По паниката со наводна бактерија во водата: МВР ги повикува лицата во станица, едно од нив не одговара кои се “сигурните извори” кои и ја кажале информацијата


Сподели преку

(Видео) Штерјова: Власта задоцни и со превенцијата од западно-нилска треска – повторно го стави здравјето на граѓаните во ризик

На прес-конференција, Кети Штерјова денеска обвини дека институциите задоцниле со превентивните мерки против западнонилската треска, оценувајќи дека реакцијата повторно следува дури откако здравствената состојба почнала да се влошува.Штерјова посочи дека по здравствената криза со водата во Гостивар, земјата сега се соочува и со нов предизвик поврзан со ширењето на западнонилската треска.Од СДСМ велат дека станува збор за позната болест и дека појавата на комарците, климатските услови и ризикот о

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Штерјова: Власта задоцни и со превенцијата од западно-нилска треска – повторно го стави здравјето на граѓаните во ризик


Сподели преку

Исчезна малолетната Кристина од Охрид: Семејството бара помош, од дома излегла во црна маица и широки фармерки

Семејството и блиските на малолетната Кристина од Охрид бараат помош во нејзиното пронаоѓање, откако девојката е пријавена за исчезната.Според информациите што ги споделиле нејзините блиски, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16 часот. При излегувањето од домот била облечена во црна маица и широки фармерки.Исчезнувањето е пријавено во полиција, а семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат каква било информација за нејзиното движење да

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Исчезна малолетната Кристина од Охрид: Семејството бара помош, од дома излегла во црна маица и широки фармерки


Сподели преку

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност

Едно од кучињата ангажирани во спасувачките операции во Кали, Колумбија, стана симбол на пожртвуваност откако снимка од теренот се прошири на социјалните мрежи.На видеото се гледа како кучето, по долга и исцрпувачка потрага низ урнатините, добива вода и медицинска нега од спасувачките екипи.Иако очигледно е изморено, кучето не мирува. Додека се опоравува, постојано покажува интерес да се врати на местото на потрагата и повторно да помогне во пронаоѓањето преживеани.Снимката предизвика голем број

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Исцрпен до последен здив, но не се откажува: Кучето спасувач во Колумбија ги трогна сите со својата пожртвуваност


Сподели преку

(Видео) Руски дрон погоди патнички воз со 340 луѓе, загинаа машиновозачот и неговиот помошник

Двајца членови на екипажот загинале откако руски дрон со млазен погон ја погодил и уништил локомотивата на патнички воз во Одеската област, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според Зеленски, во возот во моментот на нападот имало 340 луѓе, а машиновозачот и неговиот помошник биле усмртени во нападот.„Оној што управувал со тој дрон сигурно не можел да не знае дека целта е целосно цивилна“, порача Зеленски, изразувајќи сочувство до семејствата и блиските на загинатите.Украинскиот п

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Руски дрон погоди патнички воз со 340 луѓе, загинаа машиновозачот и неговиот помошник


Сподели преку

Иран: „Ормускиот Теснец е под наша контрола“, Трамп тврди дека САД има „целосна контрола“ над теснецот

Новите тензии меѓу Иран и САД се префрлија и на стратешки важниот Ормуски Теснец, откако двете страни излегоа со спротивставени тврдења за тоа кој ја има контролата врз поморскиот премин.Шефот на иранската паравоена единица Басиж, Хосеин Таеб, изјави дека Ормускиот Теснец е под контрола на Иран, пренесува „Ерусалим пост“.Неговата изјава следува откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно порача дека САД имаат „целосна контрола“ над теснецот и дека можно е да ја задржат контролата.Трам

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Иран: „Ормускиот Теснец е под наша контрола“, Трамп тврди дека САД има „целосна контрола“ над теснецот


Сподели преку

„Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?“, вели СДСМ

Со остри критики за економската политика на Владата, СДСМ преку соопштение ја спореди вредноста на платите со трошоците за живот и порача дека официјалните економски пораки не се совпаѓаат со секојдневието на граѓаните.Од партијата наведуваат дека потрошувачката кошница изнесува околу 70.000 денари, додека минималната плата е околу 26.000 денари, а просечната плата околу 49.000 денари.Според СДСМ, за млад човек кој нема сопствено живеалиште потребни се околу 90.000 денари месечно само за основни

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

„Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?“, вели СДСМ


Сподели преку

Почнува уписот на УКИМ: Над 8.000 места за нови студенти на 23 факултети

Идните студенти од вторник и среда, 18 и 19 август, ќе можат да се пријават во првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. За академската 2026/2027 година, на 23-те факултети на УКИМ се предвидени вкупно 8.851 место.Од вкупниот број места, 4.395 се наменети за редовни студенти во државна квота, односно студенти чии студии се финансираат од државниот буџет. Дополнително, има 3.621 место за редовни студенти со кофинансирање, додека 835 места се наменети за вонредни студенти.

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Почнува уписот на УКИМ: Над 8.000 места за нови студенти на 23 факултети


Сподели преку

Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија направи значителен напредок во областа на сајбер-безбедноста, откако на најновото издание на Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI) се искачи за 29 позиции и сега се наоѓа на 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.Земјата има освоено 84,17 од можни 100 поени, со што е вброена меѓу државите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и справување со сајбер-инциденти.Индексот го развива естонската „Академија за е-управување“ (e-Governance Academy), а под

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност


Сподели преку

ИЈЗ со совети како полесно да спиете во топлите ноќи: На ова особено внимавајте

Високите температури можат значително да го нарушат квалитетот на сонот, особено во текот на ноќта кога телото потешко се разладува. Од Институтот за јавно здравје посочуваат дека недоволниот и неквалитетен сон може да доведе до замор, намалена концентрација и отежнато функционирање во текот на следниот ден.За полесно заспивање, ИЈЗ препорачува спалната соба да биде пријатно разладена. Доколку се користи клима-уред, препораката е температурата да се одржува на околу 25 степени Целзиусови, без пр

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

ИЈЗ со совети како полесно да спиете во топлите ноќи: На ова особено внимавајте


Сподели преку

(Видео) Албанија се бори со девет активни пожари, околу 450 луѓе на терен

Албанија и натаму се соочува со сериозна состојба со шумските пожари, со девет активни жаришта регистрирани во повеќе делови од земјата.Според Министерството за одбрана, пожарите се активни во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и Ѓирокастро, а на терен се ангажирани околу 450 припадници на службите кои работат на нивно гаснење и ставање под контрола.Најголем број сили се распоредени во областа Лура, во регионот Дебар, каде што се ангажирани околу 200 луѓе. Таму продолжуваат интензивните активн

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

(Видео) Албанија се бори со девет активни пожари, околу 450 луѓе на терен


Сподели преку

Западнонилската треска се шири во Грција: 45 нови случаи

Бројот на заболени од западнонилска треска во Грција продолжува да расте, откако во изминатата седмица биле регистрирани уште 45 нови случаи. Со тоа, од почетокот на летото досега се потврдени вкупно 110 заразени, покажуваат податоците на Националната организација за јавно здравје на Грција.Во истиот период биле регистрирани и три нови смртни случаи. Од вкупниот број заболени, дури 81 пациент развил симптоми поврзани со централниот нервен систем, вклучително енцефалитис, менингитис или акутна па

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Западнонилската треска се шири во Грција: 45 нови случаи


Сподели преку

Поради драстичниот пад на Дунав, романската нуклеарна централа „Чернавода“ исклучува реактор

Падот на нивото на реката Дунав ја принуди романската нуклеарна централа „Чернавода“ да започне контролирано исклучување на својот втор реактор.Од компанијата „Нуклеарелектрика“ соопштија дека постапката е започната поради континуираниот и значителен пад на водостојот на Дунав. Се очекува вториот реактор околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем.Одлуката, како што наведуваат од компанијата, е донесена во согласност со п

пред 3 месеци | 0
skopje1.mk

Поради драстичниот пад на Дунав, романската нуклеарна централа „Чернавода“ исклучува реактор


Сподели преку