Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите
Пациенти на Клиниката за онкологија реагираат дека подолг период недостигаат повеќе терапии, а дел од нив велат дека со недели чекаат информација кога лековите повторно ќе бидат достапни.До „Скопје1“ се обратија пациенти кои тврдат дека во моментов недостигаат најмалку четири препарати – „рибоциклиб“, „фулвестрант“, „капецитабин“ и „пазопаниб“.Една пациентка посочува дека недостатокот трае повеќе месеци и дека онколошките пациенти се оставени во неизвесност.„Повеќе од пет терапии сигурно недости