(Видео) Црвено-црна доминација во Скопје: Вардар го победи Пелистер со 31:23

Вардар извојува убедлива победа над Пелистер со 31:23 во големото ракометно дерби одиграно во салата „Јане Сандански“ во Скопје.Љевар беше најефикасен во редовите на црвено-црните со седум погодоци, а го следеа Да Силва со шест и Фадуљ со четири гола. Кај Пелистер најрасположен беше Кузмановски, кој постигна девет погодоци.Со оваа победа Вардар уште еднаш покажа дека македонскиот ракомет има што да понуди и на европската сцена.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Црвено-црна доминација во Скопје: Вардар го победи Пелистер со 31:23


Сподели преку

Четворица приведени по фудбалски натпревар во Скопје, кај еден од нив пронајдена марихуана

Четири лица од Скопје се лишени од слобода по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш, кој се одигра на стадионот на Шкупи во скопската населба Чаир.Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М. А. (33), Ф. Р. (21), М. Џ. (31) и Д. Ј. (36) поради повикување и учество во тепачка. Против нив се составени записници за констатиран прекршок.При приведувањето, кај 33-годишниот М. А. била пронајдена марихуана, пора

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Четворица приведени по фудбалски натпревар во Скопје, кај еден од нив пронајдена марихуана


Сподели преку

Пристигнуваат првите бројки од Брвеница: Големи разлики меѓу кандидатите по населени места, кој ќе биде победник - ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ?

Пристигнуваат првите неофицијални резултати од вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница, каде што се соочуваат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка од ВЛЕН, и Аркин Јахији од коалицијата предводена од ДУИ.Според неофицијалните информации до кои дојде „Скопје1“, во Челопек, од шест избирачки места, кандидатот на ДУИ освоил 1.577 гласа, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ добил 209 гласа. Разликата изнесува 1.368 гласа.Во Теново, според доставените вкупни резултати, ДУИ има 349

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Пристигнуваат првите бројки од Брвеница: Големи разлики меѓу кандидатите по населени места, кој ќе биде победник - ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ?


Сподели преку

Филипче ја нападна одлуката на Славески за Алта банка: „Криминална одлука на криминална власт“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше одлуката на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за воведување привремена администрација во Алта банка, оценувајќи дека со неа се ставаат во нерамноправна положба граѓаните и фирмите.Во објава на социјалната мрежа Х, Филипче реагираше на ограничувањето според кое граѓаните можат да повлекуваат најмногу 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема такво ограничување.Тој обвини дека средствата на граѓаните остануваат недостапни, доде

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Филипче ја нападна одлуката на Славески за Алта банка: „Криминална одлука на криминална власт“


Сподели преку

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

ДУИ сè уште ги очекува изборните резултати во Брвеница, каде што граѓани се собраа во исчекување на конечниот исход.Собирот се одржува во период кога се очекуваат податоците за изборната поддршка во општината.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати


Сподели преку

Петровска до Славески: Зошто граѓаните да ги плаќаат последиците од пропустите на институциите?

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, побара одговорност од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради ограничувањето на повлекувањето средства од Алта банка, при што граѓаните можат да подигнуваат најмногу по 10.000 денари неделно.Во објава на социјалните мрежи, Петровска праша како граѓаните со такво ограничување ќе ги покриваат трошоците за лекување, кирија, сметки и храна, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои работеле и штеделе, верувајќи во банка со дозвола за работа.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Петровска до Славески: Зошто граѓаните да ги плаќаат последиците од пропустите на институциите?


Сподели преку

Нови детали за убиствата во Ѓорче Петров: Четворицата осомничени можат да добијат и доживотен затвор

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против четири лица осомничени за две тешки разбојништва во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, при кои животот го загубиле две лица. За сите осомничени е побаран притвор.Според обвинителството, првиот напад се случил во раните утрински часови на 22 октомври, кога осомничените насилно влегле во куќа во Хром. Сопственикот го врзале за рацете и нозете, го удирале по главата и телото, а потоа го задушиле со перница. Од домот одзеле пари и златен

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Нови детали за убиствата во Ѓорче Петров: Четворицата осомничени можат да добијат и доживотен затвор


Сподели преку

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски

Украинските сили уништиле руска воена опрема со проценета вредност од околу 70 милиони долари, меѓу која се и напредни системи за противвоздушна одбрана, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според неговите информации, биле погодени ракетно-топовскиот систем „Панцир-С2“, командно возило што е дел од системот С-400 „Триумф“, како и фабриката „Каменски“ во руската Ростовска област, која се користи за производство на ракети.Зеленски посочи дека само вредноста на уништената опрема за п

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Фото) Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски


Сподели преку

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио изнесоа различни процени за можноста за скорешен крај на војната во Украина. Додека Трамп изрази оптимизам дека договорот е на дофат, Рубио порача дека сè уште не е сигурен дали мирот може да се постигне преку преговори.На самитот на министрите за надворешни работи на Г20 во Атланта, Рубио изјави дека САД продолжуваат да проверуваат дали постои простор за договор, но нагласи дека никој не тврди оти мировното решение е на чек

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску


Сподели преку

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена

Тринаесетгодишно девојче и една жена загинаа во руски напад врз општината Козјатин, во украинската област Виница. Во нападот биле повредени уште четири лица, меѓу кои три деца, соопштија локалните власти и службите за итни случаи.Според началничката на Воената управа на областа Виница, Наталија Заболотна, ударот погодил парк меѓу студентски дом и образовна установа. Од Државната служба за вонредни состојби потврдиле дека руски дрон погодил дом на стручно училиште. По ударот се запалиле два автом

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Русија нападна парк во близина на училиште во Украина: Загинаа 13-годишно девојче и жена


Сподели преку

Протестите на Генерацијата зет се шират низ Европа, следниот викенд на ред е Холандија

Протестното движење на младите од Генерацијата зет продолжува да се шири низ Европа, а по Германија, Франција, Швајцарија, Албанија и Португалија, нови демонстрации за наредниот викенд се најавуваат и во Холандија.Холандскиот министер за внатрешни работи Питер Херма предупреди на загрижувачки повици за насилство и вандализам што се шират преку интернет и чет-групи на младите. Протести се очекуваат во повеќе холандски градови, но засега нема официјални информации за конкретните локации и бројот н

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Протестите на Генерацијата зет се шират низ Европа, следниот викенд на ред е Холандија


Сподели преку

(Фото) Предупредување за сомнително лице во Хиподром, граѓаните повикуваат на внимателност

Уличното куче Душка, кое жителите на Хиподром го нарекуваат свој миленик и херој, вчера алармирало за сомнителна појава на патеката зад „Семенарство“, каде што во минатото неколкупати избувнувале пожари.Според објавата на социјалните мрежи, Душка почувствувала дека во близина има некој што се крие и демне, по што се упатила да провери што се случува. Набргу потоа биле слушнати силен крик и повик за помош, а кучето било пронајдено како лежи во шок и не може да се движи.Во објавата се изразува сом

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Фото) Предупредување за сомнително лице во Хиподром, граѓаните повикуваат на внимателност


Сподели преку

Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци

Околу два милиони евра биле повлечени во готовина и преку други трансфери од Алта банка АД Битола до крајот на вчерашниот ден, откри гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, објаснувајќи ги причините за воведувањето привремена администрација и ограничувањето на одливот на средства од сметките на граѓаните.Според Славески, информацијата за повлечените средства ја добиле од Управниот одбор на банката на средба одржана денеска во 14:10 часот, откако Извршниот одбор на Народната банка ги доне

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци


Сподели преку

Народната банка презеде контрола врз Алта банка во Битола: Граѓаните ќе можат да користат само 10.000 денари неделно

Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, а за физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив од нивните сметки преку банкарските картички. Одлуката стапи во сила денеска, 1 ноември 2026 година, соопшти гувернерот Трајко Славески. Мерката може да трае најмногу 30 дена.Мерката следува по јавно објавените информации за одземањето на дозволата за работа на Алта банка АД Белград и донесувањето одлука за исполнување на условите за поведување стечајн

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Народната банка презеде контрола врз Алта банка во Битола: Граѓаните ќе можат да користат само 10.000 денари неделно


Сподели преку

Расчистено навивачкото насилство пред „Јане Сандански“, кривична пријава против едно лице

Скопската полиција поднесе кривична пријава против П. А. за кривично дело „насилство“, по вчерашниот инцидент пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во кој тешко беше повреден 16-годишник.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнала околу 50 навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички, кои чекале да влезат на натпреварот.Во нападот, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди.П. А. е ли

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Расчистено навивачкото насилство пред „Јане Сандански“, кривична пријава против едно лице


Сподели преку

Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата, еве што мора да имате

Од 15 ноември започнува обврската за задолжително поседување зимска опрема за сите возила што учествуваат во сообраќајот во Македонија. Правилото ќе важи до 15 март, без оглед на тоа дали на патиштата има снег.За патничките автомобили со најголема дозволена маса до 3.500 килограми се дозволени две можности. Првата е зимски гуми на сите четири тркала со длабочина на шарата од најмалку четири милиметри. Втората е летни гуми со иста минимална длабочина на шарата, но во возилото задолжително треба д

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата, еве што мора да имате


Сподели преку

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти

Необична сцена го одбележа протестот во францускиот град Бордо, каде што над насобраните демонстранти била поставена пињата во облик на глава со ликот на претседателот Емануел Макрон.Снимката е направена на плоштадот Виктоар, а на неа се гледаат неколку лица качени на метална конструкција. Едно од нив држи долга прачка на која е закачена фигурата, додека друго почнува да ја удира со стап.По неколку удари, пињатата се распарчува, а врз демонстрантите паѓаат конфети, парчиња хартија и лажни банкно

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти


Сподели преку

Нови такси од две евра за онлајн-нарачките во ЕУ, што ќе значи тоа за македонските купувачи?

Од денеска, 1 ноември, во Европската Унија се применува нова административна такса од две евра по артикл за онлајн-нарачките што пристигнуваат од земји надвор од Унијата. Мерката ги зголемува трошоците за увоз преку платформи како Тему, Шеин и Алиекспрес, но не значи дека истата давачка автоматски ќе важи и за купувачите во Македонија.Според Советот на ЕУ, таксата треба да ги покрие трошоците за царинските контроли и надзорот на големиот број мали пратки. Таа е одделна од привремената царина од

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Нови такси од две евра за онлајн-нарачките во ЕУ, што ќе значи тоа за македонските купувачи?


Сподели преку

Претежно облачно со дожд, утринските температури од 6 до 11 степени

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремен дожд и слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

Претежно облачно со дожд, утринските температури од 6 до 11 степени


Сподели преку

По случајот со АЛТА банка, Славески денеска со прес-конференција

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, денеска, 1 ноември, со почеток во 17 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе се осврне на актуелните случувања поврзани со банкарскиот сектор, како и на супервизорските активности на Народната банка.Прес-конференцијата доаѓа по вчерашното соопштение на Народната банка во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград.Од Народната банка вчера појаснија дека одлуката на српскиот р

пред 1 седмица | 1
skopje1.mk

По случајот со АЛТА банка, Славески денеска со прес-конференција


Сподели преку

(Видео) „Неодговорноста на поединци го загадува Скопје“: Градските екипи од утрово расчистуваат дива депонија на излезот од градот

Екипите на Град Скопје од утрово работат на расчистување на дива депонија на излезот од главниот град. За акцијата информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој објави и видео од теренот.Во објавата, Ѓорѓиевски посочи дека станува збор за последица на неодговорното однесување на поединци, поради кое се создаваат диви депонии и се загадуваат јавните површини.„Ова е штета што ја плаќаме сите“, порача градоначалникот, упатувајќи апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и да ги чув

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) „Неодговорноста на поединци го загадува Скопје“: Градските екипи од утрово расчистуваат дива депонија на излезот од градот


Сподели преку

(Видео) „Ај поминете со дете и количка, ако можете!“ – Купишта ѓубре го блокираат тротоарот во Влае

Купишта ѓубре и гранки се оставени околу контејнерите во скопската населба Влае, иако самите контејнери се празни. Наместо отпадот да биде фрлен во нив, дел од граѓаните го оставаат наоколу, со што се создава хаос и се попречува движењето на пешаците.На објавеното видео се гледа мајка со мало дете во количка која не може да продолжи по тротоарот поради натрупаното ѓубре и гранки. Таа е принудена да бара начин да го заобиколи отпадот, бидејќи тротоарот е практично блокиран.Граѓаните реагираат дек

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) „Ај поминете со дете и количка, ако можете!“ – Купишта ѓубре го блокираат тротоарот во Влае


Сподели преку

По 30 дена зад решетки добија четворицата кои ги гонат за убиствата во Ѓорче Петров

Четворицата осомничени за двата случаи на разбојништво со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров добија продолжување на притворот за уште 30 дена, информираат од Кривичниот суд.Станува збор за четири лица кои претходно беа приведени и задржани во 48-часовен притвор, а се поврзуваат со убиствата на две лица во нивните домови во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.Обвинителството во меѓувреме продолжува со прибирање докази за двата случаи, кои се истражуваат како разбојништва

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

По 30 дена зад решетки добија четворицата кои ги гонат за убиствата во Ѓорче Петров


Сподели преку

(Видео) Макрон на мета на демонстрантите: Со меч и тава удираа во фигура со неговиот лик

Демонстранти со меч и со тава удираат во фигура која ја симболизира главата на францускиот претседател Емануел Макрон. Снимката е направена во Бордо.Снимките од овој протест ги објави француски „Фигаро“, по што тие се проширија на социјалните мрежи.Скоро половина милион луѓе учествуваа во вчерашните демонстрации во цела Франција, од кои во Париз беа собрани 200.000, соопшти коалицијата на младински организации и синдикати што ги претставуваат средношколците и студентите.Протести имаше во повеќе

пред 1 седмица | 0
skopje1.mk

(Видео) Макрон на мета на демонстрантите: Со меч и тава удираа во фигура со неговиот лик


Сподели преку