Нова ескалација меѓу Јапонија и Русија по посетата на Путин на спорните острови
Дипломатските тензии меѓу Јапонија и Русија околу спорните острови северно од Хокаидо повторно се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин ги посети островите. Москва денеска го повика јапонскиот амбасадор на разговор откако Токио го оцени потегот како „целосно неприфатлив“ и упати официјален протест до руската страна.Станува збор за четири острови од јужниот дел на Курилскиот архипелаг – Итуруп, Кунашири, Шикотан и Хабомаи. Јапонија ги нарекува Северни територии и смета дека се нејзи