Мотоциклист тешко повреден во судир со „пежо“, возачот на автомобилот бил пијан

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе, во која тешко е повреден мотоциклист, а неговата сопатничка се здобила со телесни повреди.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 август во 22:31 часот, а учествувале патничко возило „пежо“, управувано од 68-годишен жител на Свети Николе, и мотоцикл „хонда“, со кој управувал 30-годишен жител на селото Преод.Возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повред

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Мотоциклист тешко повреден во судир со „пежо“, возачот на автомобилот бил пијан


Сподели преку

Две лица нападнати со тврд предмет на Бит Пазар по недоразбирање, оштетено и возило

Две лица биле физички нападнати во скопската населба Бит Пазар, по претходно недоразбирање, а при инцидентот било оштетено и патничко возило, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен вчера, 20 август, во 13:43 часот во СВР Скопје од 41-годишен жител на селото Долно Којнаре, Кумановско. Тој пријавил дека околу 12:30 часот, додека бил на подрачјето на Бит Пазар со својот внук, двајцата биле нападнати од две лица.Напаѓачите, според пријавеното, употребиле тврд

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Две лица нападнати со тврд предмет на Бит Пазар по недоразбирање, оштетено и возило


Сподели преку

16-годишник со тешки повреди откако изгубил контрола над мотоцикл и паднал во Могила

Во сообраќајна несреќа во селото Будаково, општина Могила, тешко е повреден 16-годишник кој управувал мотоцикл.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 20 август во 22:00 часот во СВР Битола. Според пријавеното, малолетникот од Будаково, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, во еден момент изгубил контрола над возилото и паднал.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Битола.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Б

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

16-годишник со тешки повреди откако изгубил контрола над мотоцикл и паднал во Могила


Сподели преку

Тешка сообраќајка кај Долнени: 84-годишен маж тешко повреден, уште тројца во болница

На регионалниот пат меѓу селата Долнени и Сенокос се случила сообраќајна несреќа во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште три лица биле повредени, информира МВР.Според пријавеното, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген шаран“, управувано од 37-годишниот Г.А. од село Браилово, и патничко возило „мг“, управувано од 46-годишниот В.Ј. од село Долнени.Со тешки телесни повреди се здобил 84-годишниот сопатник во возилото „мг“, И.Ј. Од истиот автомобил, со телесни пов

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Тешка сообраќајка кај Долнени: 84-годишен маж тешко повреден, уште тројца во болница


Сподели преку

„БМВ“ излетало од патот Струмица–Валандово: 30-годишен возач тешко повреден

На регионалниот пат Струмица–Валандово се случила сообраќајна несреќа во која 30-годишен возач се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.Според пријавеното, несреќата се случила на 20 август околу 15:25 часот, кога патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.В. од село Раборци, излетало од патот.Возачот бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„БМВ“ излетало од патот Струмица–Валандово: 30-годишен возач тешко повреден


Сподели преку

64-годишна жена го запалила станот во кој живеела

Пожар избувнал во стан на улицата „Сава Михајлов“ во Гевгелија, при што нема повредени лица, информира МВР.Случајот бил пријавен ноќеска, околу 00:25 часот, во Полициската станица Гевгелија. Припадниците на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија интервенирале и пожарот бил изгаснат.Од преземените мерки било утврдено дека пожарот го предизвикала 64-годишната В.К., која живеела во станот. Таа подоцна била спроведена во здравствена установа.За случајот бил известен јавен обвинител од Ос

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

64-годишна жена го запалила станот во кој живеела


Сподели преку

82-годишен маж подолг период ја напаѓал сопругата

Полицијата во Велес привела 82-годишен маж по пријава дека подолг период физички ја напаѓал својата 78-годишна сопруга, информира МВР.Случајот бил пријавен на 20 август, по што полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б., жител на село во велешко.Според пријавеното, физичките напади врз неговата сопруга се случувале подолг временски период.За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. По целосното документирање на настанот, против 82-годишниот м

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

82-годишен маж подолг период ја напаѓал сопругата


Сподели преку

Родители физички и психички ја малтретирале 18-годишната ќерка

Полицијата во Куманово привела маж и жена од липковското село Отља по пријава дека физички и психички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка, информира МВР.На 20 август околу 16:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Ј. (43) и Х.И. (53).Двајцата биле приведени во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Родители физички и психички ја малтретирале 18-годишната ќерка


Сподели преку

61-годишен маж од Желино полово вознемирувал жена на работното место

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Желино поради сомнение дека подолг период полово ја вознемирувал жена на нејзиното работно место, информира МВР.Според пријавеното, додека жената била сама во продажниот објект каде што работела, А.А. повеќе од еден месец секојдневно влегувал во објектот и ѝ упатувал недолични зборови.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, против 61-годишниот жител на Желино е поднесена кривична пријава.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

61-годишен маж од Желино полово вознемирувал жена на работното место


Сподели преку

32-годишен маж упатувал закани и агресивно се однесувал кон семејството

Полицијата во Струга привела 32-годишен маж по пријава за агресивно однесување и упатување закани кон членови на семејството во семејниот дом, информира МВР.На 20 август околу 13:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.И. од струшко село. Интервенцијата уследила по претходно добиена пријава за семејно насилство.Според пријавеното, 32-годишникот во семејниот дом упатувал закани и се однесувал агресивно кон членови на семејството.По целосното документирање на случајот,

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

32-годишен маж упатувал закани и агресивно се однесувал кон семејството


Сподели преку

Со ловечка пушка пукал кон кучиња во село Долгаш, едно животно усмртено

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 68-годишен жител на селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“, информира МВР.Според пријавеното, на 29 мај годинава, околу 18:30 часот, Ф.И. со ловечка пушка пукал кон група кучиња скитници во селото.При пукањето, тој усмртил едно од кучињата.По преземените мерки и утврдените околности, ОВР Дебар поднело кривична пријава против 68-годишниот маж за стореното кривично дело.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Со ловечка пушка пукал кон кучиња во село Долгаш, едно животно усмртено


Сподели преку

Германските власти открија скривалиште со оружје во шума во близина на Берлин

Германските безбедносни служби откриле скривалиште со оружје во шума во близина на Берлин, за кое се сомневаат дека било поврзано со руските разузнавачки служби, објавија јавните сервиси NDR и WDR.Според проценките на германската Служба за заштита на уставниот поредок (BfV), оружјето можело да биде наменето за руски шпиони кои би добиле наредба од Москва за извршување напади во Германија.Скривалиштето било професионално уредено и откриено откако германските власти добиле дојава. Во него биле про

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Германските власти открија скривалиште со оружје во шума во близина на Берлин


Сподели преку

„Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази, да му се затвори предметот во кој живи изгореа 14 лица “, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која тој ја коментираше одлуката за затворање на предметот поврзан со набавката на модуларната болница во Тетово.Од партијата обвинуваат дека предметот пет години бил оставен без соодветно постапување, иако во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Во реакцијата се тврди и дека Филипче, кого го посочуваат како директно одговорен, не бил повикан ниту на разговор во рамките на пр

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази, да му се затвори предметот во кој живи изгореа 14 лица “, велат од ВМРО-ДПМНЕ


Сподели преку

(Видео) По долгогодишно чекање, асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман

По повеќегодишното очекување, жителите на селото Орман и посетителите на црквата „Свети Наум“ добиваат подобар и побезбеден пристап до верскиот објект. Деновиве заврши асфалтирањето на патот кој води кон црквата, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Проектот е реализиран со средства од Буџетот на Општина Охрид, преку Програмата за уредување на градежно земјиште.Пецаков посочува дека со уредувањето на патот се создаваат подобри услови за жителите на Орман, но и за сите верници и посе

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

(Видео) По долгогодишно чекање, асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман


Сподели преку

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Независимото и кредибилно правосудство е предуслов за ефикасна борба против криминалот, оценува Мирјана Најчевска, која предупредува дека без институции ослободени од политички влијанија, секоја власт може да ги штити сопствените интереси наместо интересите на граѓаните.Според неа, проблемот не е само во политичките структури, туку и во коруптивните практики што се создаваат во општеството и овозможуваат таквиот систем да опстојува.Најчевска посочува дека особено загрижува кога блиски лица на по

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.


Сподели преку

„Средствата што се користат против комарци се безбедни и препорачани од СЗО, проблем е недостатокот на таблети со бактерии за третирање на септички јами“, вели Клековски

Здравствените власти уверуваат дека средствата што се користат за прскање против комарци не претставуваат опасност за населението и се во согласност со препораките на Светската здравствена организација. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска порача дека граѓаните немаат причина за страв од препаратите што се применуваат во третманите.Клековски објасни дека прскањето би имало најголем ефект доколку се спроведува во самрак, период кога комарците се најактивни. Сепак, поради реакциите и заг

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„Средствата што се користат против комарци се безбедни и препорачани од СЗО, проблем е недостатокот на таблети со бактерии за третирање на септички јами“, вели Клековски


Сподели преку

По повеќемесечно чекање повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер

По повеќемесечниот застој, единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за реализација на прегледите на пациентите кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања, а според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.Нефункционирањето на апаратот особено ги погоди онколошките пациенти, за кои ПЕТ/КТ снимањето е важно за да се утврди дали терапијата дава резултат и дали лекувањето треба да продолжи или

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

По повеќемесечно чекање повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер


Сподели преку

Инвертер или обична клима: Еве ја главната разлика и зошто едната троши помалку струја

Инвертер клима-уредите одамна не се новина, но многумина и понатаму не знаат што точно ги разликува од класичните клима-уреди и од каде доаѓа нивната поголема ефикасност.Главната разлика се наоѓа во начинот на кој работи компресорот. Кај класичните клима-уреди, компресорот работи по принципот „вклучи-исклучи“. Кога температурата во просторијата ќе ја надмине зададената вредност, компресорот се вклучува со полна моќност. Откако просторот ќе се излади, тој се исклучува, а потоа повторно се активир

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Инвертер или обична клима: Еве ја главната разлика и зошто едната троши помалку струја


Сподели преку

„Мртва трка во незнаењето“: Професор Прешова отвора прашање за одговорноста на Уставното и редовното судство

Професорот по уставно право Денис Прешова смета дека актуелната дебата за начинот на извршување на одлуките на Уставниот суд од страна на редовното судство отвора сериозни правни и институционални прашања, но истовремено покажува дека Македонија значително заостанува зад регионалните и поразвиените правни системи.Прешова посочува дека слични тензии меѓу уставното и редовното судство во други земји се предмет на стручни дебати со години, додека кај нас прашањето повторно се отвора без доволно вни

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„Мртва трка во незнаењето“: Професор Прешова отвора прашање за одговорноста на Уставното и редовното судство


Сподели преку

Шест пожари се активни низ земјава, гори и букова шума во Кичевско

На територијата на земјава до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во шест општини. Во Прилепско гори ниска вегетација во атарот на село Чаниште, во правец кон Крушевица, Лопатица и Дуње, како и кон Црна Река.Во Студеничанско, пожарот на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер има зафатено мешана шума. Во Макед

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Шест пожари се активни низ земјава, гори и букова шума во Кичевско


Сподели преку

„Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на 14-те загинати во пожарот во модуларната болница во Тетово, откако Обвинителството донесе одлука да го затвори предметот за набавката на модуларните болници.Филипче оцени дека со одлуката на Обвинителството се потврдува оти во случајот нема злоупотреба на службената должност и нема финансиска штета за буџетот. Според него, со тоа се демантираат

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години“, вели Филипче


Сподели преку

(Видео) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец - обвинителството ја кажа вистината

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за набавката на модуларните болници, оценувајќи дека со тоа, како што рече, се потврдува дека немало злоупотреба на службената должност ниту штета по државниот буџет.Филипче изрази жалење за загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и упати сочувство до нивните семејства.„Јасно кажа обвинителството, нема злоупотреба на службената должност, нема штета на

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

(Видео) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец - обвинителството ја кажа вистината


Сподели преку

Клековски предупредува: Каналите, септичките јами и старите гуми се најголемите жаришта за комарци

Западнонилската треска продолжува да се шири во Македонија, при што надлежните институции ги прошируваат активностите за следење на вирусот и утврдување на местата со најголем ризик. Досега се потврдени 43 случаи, а четири лица починале како последица на невроинвазивната форма на болеста. Дополнително, вирусот е потврден и кај угинат гавран пронајден во Скопје.Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека нови случаи се регистрирани во општините Центар и Чаир. Истовремено продолжува

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Клековски предупредува: Каналите, септичките јами и старите гуми се најголемите жаришта за комарци


Сподели преку

Утре се одржува 39. Охридски пливачки маратон: 16 пливачи во битка со 25-километарската патека

Охрид утре ќе биде во знакот на пливањето и спортската традиција, со одржувањето на 39. издание на Охридскиот пливачки маратон. На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, 16 пливачи ќе се соочат со еден од најголемите предизвици во пливачкиот спорт.Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека маратонот претставува многу повеќе од спортски натпревар и е дел од препознатливиот идентитет на градот.„Како градоначалник, но и како охриѓанец, горд сум што имаме свој придонес во оваа голема

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Утре се одржува 39. Охридски пливачки маратон: 16 пливачи во битка со 25-километарската патека


Сподели преку