ДУИ со нов напад врз ВЛЕН: Партиите и претседателите останале одделни
ДУИ излезе со нови обвинувања кон коалицијата ВЛЕН, тврдејќи дека партијата Алтернатива и натаму фигурира како посебен активен политички субјект во Централниот регистар, а во официјалните податоци како нејзин претседател е запишан Зекирија Бериша.Според ДУИ, Бериша е шеф на кабинетот на министерот Беким Сали, а промената на претседателот на Алтернатива, како што тврди партијата, не била јавно соопштена ниту на членството ниту на граѓаните.„Кога е избран Зекирија Бериша за претседател? Кој партис