Водата за пиење во Скопје е безбедна, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.Во периодот од 17 до 21 август, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 206 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 47 мерни места на територијата на градот Скопје.Според добиените резултати од испитувањата, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за б