„Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски“, вели СДСМ
СДСМ преку соопштение реагира на новото поскапување на горивата, откако дизелот од 25 август достигна цена од 101,50 денари за литар.Од партијата велат дека станува збор за четврто поскапување во период од еден месец и обвинуваат дека зголемувањето на цената на дизелот ќе се одрази и врз транспортот, производството и дистрибуцијата, а со тоа и врз цените на храната и останатите производи.„Секоја најавена мерка на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100