Ѓорѓиевски: Почна поделбата на бесплатни униформи за сите ученици од прва година
Започна реализацијата на мерката за доделување бесплатни униформи на сите ученици од прва година во средните училишта на Град Скопје. Првата пратка пристигна во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Униформите се изработени од 100 отсто памук, а според Ѓорѓиевски, мерката има цел да го олесни семејниот буџет и да ги намали видливите социјални разлики меѓу учениците.Тој посочи дека секој ученик треба да има еднакви услови во училишната средина,