Забрана за капење во Тиват: Во морето пронајдени бактерии над дозволените граници
Капењето е забрането на купалиштето „Доња Ластва 01“ во Тиват, откако последните анализи покажале дека морската вода не ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет.Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора соопшти дека редовните анализи биле направени на 18 август, а дополнителни вонредни примероци биле земени на 21 и 24 август.Резултатите покажале зголемено присуство на индикаторски бактерии, меѓу кои E. coli и цревни ентерококи, над дозволените гранични вредности утв