Денес без вода во делови од Скопје
Поради изведување на водоводен приклучок со профил од 200 милиметри на улицата „Воин Драшкоци“, денес, 27 август, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“.Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.