„Мерцедес“ се превртел и удрил во дрво на патот Берово–Виница

31-годишен жител на Пехчевско е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Виница.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 2 септември околу 17:15 часот, на местото викано „Фармите“. Патничкото возило „Мерцедес“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот У.Е. од село Црник, се превртело и удрило во дрво.Во несреќата тешки телесни повреди се здобил возачот, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.Увид на местото извршила

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„Мерцедес“ се превртел и удрил во дрво на патот Берово–Виница


Сподели преку

Питачела на Романовце со едномесечното бебе, уапсена 23-годишна кумановка

23-годишна жена од Куманово е лишена од слобода откако полицијата постапувала по пријава дека питачела на наплатната станица Романовце, при што со себе го имала и своето едномесечно бебе.Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.Р. на 2 септември, во 18 часот.Жената била приведена во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Питачела на Романовце со едномесечното бебе, уапсена 23-годишна кумановка


Сподели преку

Паднала во автобус на ЈСП при кочење, тешко повредена 67-годишна жена

67-годишна жена од Делчево е тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП во Скопје.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 2 септември во 16:20 часот. Жената се превезувала во автобус на ЈСП кој сообраќал по булеварот „Крсте Мисирков“, а при кочење од страна на возачот таа паднала.Г.С. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Паднала во автобус на ЈСП при кочење, тешко повредена 67-годишна жена


Сподели преку

Пет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, информира Министерството за внатрешни работи.Полициските службеници интервенирале на различни локации низ државата. Од приведените возачи, тројца управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив имало и малолетник.Еден од возачите бил затекнат како управува возило и покрај активна забрана за управување, додека друг управувал без возачка дозвола и под дејст

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Пет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило


Сподели преку

Велешанка пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот син ѝ се заканувала преку телефон и социјални мрежи

31-годишна жена од Велес била повикана на службен разговор во полиција по пријава за упатување закани кон 59-годишна велешанка.Од МВР информираат дека на 2 септември во 15:30 часот полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со Д.Р., постапувајќи по претходна пријава од 59-годишна жена.Според пријавеното, Д.Р., која била поранешна вонбрачна партнерка на синот на пријавителката, преку телефон и апликација на социјална мрежа ѝ упатувала закани.За случајот бил известен јавен обвинит

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Велешанка пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот син ѝ се заканувала преку телефон и социјални мрежи


Сподели преку

Мајка подолг период физички и психички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка

45-годишна жена од Скопје е лишена од слобода по пријава дека подолг период физички и психички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка.Од МВР информираат дека Х.Ѓ. била лишена од слобода денеска, 3 септември, во 2:20 часот, во Скопје. Полицијата постапувала по претходна пријава за семејно насилство во дом на подрачјето на Гази Баба.Според пријавеното, мајката подолг период физички и психички ја малтретирала малолетната ќерка, која, како што е пријавено, често ја држела заклучена во една од соби

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Мајка подолг период физички и психички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка


Сподели преку

Приведен 41-годишен гевгеличанец баран со потерница за криумчарење мигранти

41-годишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полицијата го пронашла и привела по потерница за издржување мерка притвор.Од МВР информираат дека С.С. бил лишен од слобода на 2 септември во 10 часот во Гевгелија, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија.Тој бил баран со потерница поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ од член 418-б од Кривичниот законик.По лишувањето од слобода, С.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Приведен 41-годишен гевгеличанец баран со потерница за криумчарење мигранти


Сподели преку

Надминат проблемот со донацијата, наскоро факторот 8 ќе биде достапен за пациентите со хемофилија

Надминати се административните и бирократските пречки поради кои со месеци беше заглавена донацијата наменета за Институтот за трансфузиона медицина, информира Сашо Клековски.Станува збор за 1,2 милиони единици фактор 8 за лекување на хемофилија, чија вредност е околу 500.000 долари.„Го разрешивме проблемот со донацијата за Институтот за трансфузиона медицина – 1,2 милиони единици фактор 8 за хемофилија. Вредноста на донацијата е околу 500.000 долари“, изјави Клековски.Тој посочи дека донацијата

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Надминат проблемот со донацијата, наскоро факторот 8 ќе биде достапен за пациентите со хемофилија


Сподели преку

Мицкоски не стравува за унгарскиот кредит: „Средствата се на транспарентен начин потрошени“

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува изјавите на унгарскиот премиер да се однесуваат на Македонија, нагласувајќи дека Унгарија досега повеќепати ја потврдила својата поддршка за земјите од Западен Балкан.Мицкоски рече дека е убеден оти унгарскиот премиер Петер Маѓар не мислел на Македонија кога зборувал за одредени земји кандидати за членство во Европската Унија.„Убеден сум дека колегата Маѓар, тоа што го кажувал, не го мисли за Балканот, бидејќи досега има неколку десетици изјави

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Мицкоски не стравува за унгарскиот кредит: „Средствата се на транспарентен начин потрошени“


Сподели преку

13-годишното дете кое беше прободено во срце е стабилно, движењето на срцето е во ред, но сè уште е во животна опасност

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира дека 13-годишното дете кое беше прободено во пределот на срцето во Чаир и натаму е во тешка состојба.„Последната информација ми е, за жал, од вчера: сè уште е стабилно, но во животнозагрозувачка состојба“, изјави Клековски.Како позитивна околност, тој посочи дека движењето на срцето е уредно, односно дека кинетиката на срцевиот мускул е во ред. Сепак, Клековски нагласи дека детето и натаму е во животна опасност.„Од добрата страна, кинетиката, дв

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

13-годишното дете кое беше прободено во срце е стабилно, движењето на срцето е во ред, но сè уште е во животна опасност


Сподели преку

„Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата продолжува со вложувања во општините и подобрување на условите за живот, оценувајќи дека земјата денес е во подобра состојба отколку пред три години. Тој ова го истакна на промоцијата на новата комунална опрема наменета за општините.Мицкоски се осврна на работата на Владата во изминатите 26 месеци, при што рече дека државата ја наследиле во тешка состојба, со, како што наведе, уништени институции, ограбена држава и сериозно нарушена економ

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

„Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред“, вели Мицкоски


Сподели преку

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери

Нови специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена пристигнаа во Скопје, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги промовираше новите возила.Механизацијата е обезбедена преку проект реализиран со поддршка од Светска банка, а според Ѓорѓиевски, ќе придонесе за зајакнување на капацитетите за одржување на јавната хигиена и за побрзо и поефикасно собирање на отпадот.„Сметот со год

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери


Сподели преку

Нов смртен случај од западнонилска треска: Бројот на починати се искачи на седум

Еден пациент починал, а регистриран е и еден нов сомнителен случај на западнонилска треска во изминатите три дена, информира министерот за здравство Сашо Клековски.Починатиот пациент бил 69-годишен маж од Општина Гази Баба, кој имал коморбидитети и бил најдолго хоспитализиран – повеќе од 38 дена.Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска во земјава се искачи на седум. Според Клековски, сите починати досега се мажи.Во истиот период е регистриран и еден нов сомнителен случај, од Ра

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Нов смртен случај од западнонилска треска: Бројот на починати се искачи на седум


Сподели преку

Шасивари – Солстром: Продолжува партнерството со Шведска во реформите и европската интеграција

Министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром, разговарале за продлабочување на соработката во реформите на правосудството, владеењето на правото и процесот на европска интеграција.Шасивари изразил благодарност за континуираната поддршка од Шведска, особено преку Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) и ангажманот на експерти, кои придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети и усогласување на зак

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Шасивари – Солстром: Продолжува партнерството со Шведска во реформите и европската интеграција


Сподели преку

Тешка сообраќајка во Кривогаштани: Велосипедист тешко повреден по судир со „голф“

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Кривогаштани, при што 62-годишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди.Според МВР, на 2 септември во 20:10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Браќа Моцаноски“ во село Кривогаштани се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.М. (20) од село Пашино Рувци, и велосипед управуван од Ј.С. (62) од Кривогаштани.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесн

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Тешка сообраќајка во Кривогаштани: Велосипедист тешко повреден по судир со „голф“


Сподели преку

Двајца битолчани приведени поради дрога: Пронајдени марихуана, прашкаста материја и дигитална вага

На 2 септември полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот на С.С. (28) од Битола, со наредба од Основниот суд во Битола.При претресот биле пронајдени и одземени 42 пакувања со прашкаста материја, марихуана, дробилки со остатоци од марихуана, дигитална вага, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.По целосното документирање на случајот, против 28-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Во одделен случај, на 3 септември во 04:20 часот, на улицата „Т

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Двајца битолчани приведени поради дрога: Пронајдени марихуана, прашкаста материја и дигитална вага


Сподели преку

Возел „југо“ без таблици и без возачка дозвола, уапсен 22-годишник

На 2 септември во ресенско, полициски службеници лишиле од слобода 22-годишен жител на Ресен поради управување возило без возачка дозвола.Според МВР, во 23:10 часот, на местото викано „Клучка“ на патот меѓу селата Болно и Евла, полициски службеници од ОВР Ресен запреле возило „југо“ без регистарски ознаки.Возилото го управувал А.М. (22), при што било утврдено дека тој немал возачка дозвола.А.М. бил лишен од слобода, а по целосното документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднес

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Возел „југо“ без таблици и без возачка дозвола, уапсен 22-годишник


Сподели преку

Малолетник физички нападнат од повозрасен маж во Битола

На 3 септември во СВР Битола било пријавено дека малолетник бил физички нападнат од повозрасно машко лице.Според МВР, Х.Г. од Битола во 00:15 часот пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола.Полицијата презема мерки за расчистување и целосно документирање на настанот.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Малолетник физички нападнат од повозрасен маж во Битола


Сподели преку

Влезниците за концертот на Дејвид Гета мора да се заменат со нараквици до 7 септември

Сите посетители кои имаат купено влезница за концертот „David Guetta – The Monolith Show“, кој ќе се одржи на 8 септември по повод 35 години независност, задолжително треба да ја заменат влезницата за нараквица.Од „Авалон“ информираат дека замената ќе се врши во Градскиот парк – „Вембли“ во Скопје, во специјално поставени куќарки, во следните термини:4 септември: од 16:00 до 20:00 часот5 септември: од 12:00 до 20:00 часот6 септември: од 12:00 до 20:00 часот7 септември: од 12:00 до 20:00 часотПри

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Влезниците за концертот на Дејвид Гета мора да се заменат со нараквици до 7 септември


Сподели преку

189 прекршоци на пешаци, најмногу во Штип

На територијата на целата држава биле констатирани 189 прекршоци при засилена сообраќајна контрола насочена кон однесувањето на пешаците.Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи на 2 септември, во периодот од 10:00 до 15:00 часот.Најголем број прекршоци биле регистрирани на подрачјето на СВР Штип – 57, потоа СВР Битола и СВР Струмица со по 32, а СВР Тетово со 27 прекршоци.Од вкупниот број, 159 прекршоци се однесувале на небезбедно преминување на

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

189 прекршоци на пешаци, најмногу во Штип


Сподели преку

(Видео) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство - вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, на седницата за ребалансот на градскиот буџет го обвини градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека не го реализирал ветувањето дадено во јуни за обезбедување средства за субвенционирање на кирии за жртвите на семејно насилство.Станкоска потсети дека Ѓорѓиевски тогаш ја поддржал иницијативата на Левица и најавил дека во наредниот ребаланс ќе бидат предвидени средства за нејзина реализација, откако претходно ќе се формираат работна гр

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

(Видео) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство - вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот


Сподели преку

Затекнат зад волан иако имал забрана за возење: Уапсен 32-годишник од Тетово

На 3 септември во Тетово бил лишен од слобода 32-годишен жител на градот, откако полицијата утврдила дека управувал возило иако имал активна забрана за управување со моторно возило.Според МВР, полициски службеници од СВР Тетово во 02:20 часот на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С. (32).При проверката било констатирано дека тој го управувал возилото за време на активна заштитна мерка „забрана за у

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Затекнат зад волан иако имал забрана за возење: Уапсен 32-годишник од Тетово


Сподели преку

Гостиварец пријавил дека поранешната девојка го следела, вознемирувала и му се заканувала

На 2 септември во ОВР Гостивар било пријавено вознемирување и упатување закани од страна на поранешна партнерка.Според МВР, 28-годишен жител на Гостивар пријавил дека околу 21:00 часот, на булеварот „Браќа Ѓиноски“, неговата поранешна девојка В.Н. вербално го нападнала и му упатила закани.Во пријавата тој навел дека В.Н. и претходно, во повеќе наврати, го вознемирувала и следела.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

Гостиварец пријавил дека поранешната девојка го следела, вознемирувала и му се заканувала


Сподели преку

65-годишник ја нападнал сопругата, па сам се пријавил во полиција

Семејна расправија во гостиварско село резултирала со пријавен физички напад врз 59-годишна жена од страна на нејзиниот сопруг.Според МВР, жената на 2 септември во 09:00 часот пријавила во ОВР Гостивар дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од сопругот Р.Т. (65).Неколку часа подоцна, во 12:10 часот, Р.Т. сам се пријавил во полициска станица, по што бил лишен од слобода и задржан.Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следу

пред 2 месеци | 1
skopje1.mk

65-годишник ја нападнал сопругата, па сам се пријавил во полиција


Сподели преку