25 мигранти исчезнати откако потона брод кај Грција, спасени 52 лица
Спасувачката операција продолжува во водите јужно од грчкиот остров Гавдос, откако синоќа потона брод со мигранти. Според грчката крајбрежна стража, 25 лица се водат како исчезнати, додека 52 странски државјани досега биле спасени од бродови што се наоѓале во близина.Според исказите на преживеаните, на бродот имало вкупно 77 лица, поради што потрагата по исчезнатите продолжува.Во операцијата учествувале четири блиски бродови и два брода на Фронтекс, граничната агенција на Европската унија. На ме