Осум случаи на маларија во Франкфурт од јули, двајца починати
Здравствените власти во Франкфурт предупредија на зголемено внимание по потврдата на нови случаи на маларија во градот. Од јули досега се регистрирани осум случаи, од кои два завршиле со смрт.Последните два случаи се потврдени во населбата Шванхајм, во близина на аеродромот во Франкфурт. Градската здравствена служба ја испитува можната поврзаност со аеродромот, бидејќи повеќето од неодамна заразените лица биле вработени таму.Една од претпоставките е дека заразени комарци пристигнуваат со авиони,