Тројца загинати во руските напади врз Дњепар, речиси 100.000 потрошувачи останаа без струја
Русија во текот на ноќта изврши серија напади врз индустриски и енергетски објекти во повеќе делови на Украина, при што, според украинските власти, загинале три лица, а речиси 100.000 потрошувачи во северниот дел од земјата останале без електрична енергија.Најтешко е погодена Дњепропетровската област, каде што руските сили со ракети, беспилотни летала и артилерија нападнале цели во Дњепар, Криви Рих и Павлохрад. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа соопшти дека во нападите во четири окрузи заги