Му го украле ранецот во кој имал лаптоп и мобилен телефон додека седел покрај Вардар

Во СВР Скопје е пријавена кражба на ранец со лаптоп, мобилен телефон и други предмети, која се случила во текот на вчерашниот ден покрај реката Вардар.Според пријавеното, 32-годишен државјанин на Германија околу 16 часот седел на клупите покрај Вардар во Скопје, кога едно лице му го одзело ранецот со личните предмети.Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 20 часот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на сторителот.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Му го украле ранецот во кој имал лаптоп и мобилен телефон додека седел покрај Вардар


Сподели преку

Маж ја нападнал сопругата

Во СВР Куманово е пријавен случај на семејно насилство, откако 41-годишна жена од градот пријавила дека била физички нападната од својот сопруг.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 23 септември во 19 часот.Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Маж ја нападнал сопругата


Сподели преку

Шест возачи приведени во текот на деноноќието, четворица возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации во државата лишиле од слобода шест возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.Од МВР информираат дека четворица од приведените управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за С.И. (30) од Скопје, Е.Б. (18) од Тетово, А.А. (18) од Струга и М.П. (19) од прилепско.Дополнително, двајца возачи биле затекнати како управуваат возило под д

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Шест возачи приведени во текот на деноноќието, четворица возеле без возачка дозвола


Сподели преку

Го нападнал и му се заканувал на брат му

Полициски службеници во Кавадарци го лишиле од слобода 23-годишниот И.Б., по пријава дека физички го нападнал и му се заканувал на својот 19-годишен брат.Од МВР информираат дека настанот бил пријавен на 24 септември во 2:05 часот. Според пријавеното, И.Б. отишол во домот на својот брат, каде што го нападнал и му упатувал закани.За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против 23-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Го нападнал и му се заканувал на брат му


Сподели преку

Фатен при кражба во куќа во Кочани, па го нападнал сопственикот при бегство

Полициски службеници во Кочани го лишиле од слобода 35-годишниот Д.К., откако бил затекнат при пребарување на соба во куќа од каде, според пријавеното, одзел пари и други предмети.Од МВР информираат дека настанот се случил на 23 септември, а Д.К. бил затекнат во куќата на 29-годишниот С.А. При обид да избега, сопственикот го спречил, по што 35-годишникот физички го нападнал.За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против Д.К. ќе следува соодветна пријава

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Фатен при кражба во куќа во Кочани, па го нападнал сопственикот при бегство


Сподели преку

Жена тешко повредена откако ја удрил електричен тротинет

На булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје се случил инцидент во кој тешко е повредена 31-годишна жена, а лицето кое управувало со електричниот тротинет по ударот го напуштило местото.Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 23 септември во 6:40 часот, откако од ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ било известено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Е.Д.С. (31) од населба Илинден.Според пријавеното, жената била удрена од електричен тротинет додека се наоѓала на булеварот „Кочо Рацин“. По настанот, ли

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Жена тешко повредена откако ја удрил електричен тротинет


Сподели преку

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 70-годишен скопјанец, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена во СВР Скопје на 22 септември околу 10:45 часот. Според пријавеното, патничко возило „мерцедес“, управувано од 41-годишниот П.Г. од Скопје, удрило во инвалидска количка во која се наоѓал Т.П. (70) од Скопје.Во ударот, Т.П. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплекс

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка


Сподели преку

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

На улицата „Христо Татарчев“ во Скопје вчера се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 20-годишен мотоциклист, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавеното во СВР Скопје, несреќата се случила околу 11:15 часот, при судир меѓу патничко возило „фолксваген поло“, управувано од 65-годишниот Љ.Ј. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б. (20) од село Сопиште.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот. Повредите биле констатир

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје


Сподели преку

„Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го него и СДСМ дека во периодот кога биле на власт ги ставиле личните и партиските интереси пред државните.Во партиското соопштение се наведува дека Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, според нив, тргувале со националните интереси, идентитетот, историјата и јазикот, а истовремено ја „ограбиле државата“ и ги осиромашиле граѓаните.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ сега се спрот

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

„Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција“, вели ВМРО-ДПМНЕ


Сподели преку

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

До 13 часот денеска се регистрирани три пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, нема активни пожари, еден е под контрола, а два се целосно изгаснати.Пожарот кој е под контрола е регистриран во атарот на селото Белица, на местото „Кајорец“, во Општина Македонски Брод, со проширување кон подрачјето на Јасен, во Општина Сопиште. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума.Во меѓувреме, изгаснати се два пожари. Едниот бил регистриран на депонијата „Краста“ во Општина

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола


Сподели преку

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: На кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ?

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на СДСМ и обвинува дека партијата ја поврзува актуелната Влада со приватен договор склучен меѓу две компании.Во реакцијата, партијата прашува на која АТС Груп се однесуваат тврдењата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочувајќи на повеќе случаи од периодот на претходната власт.„Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ, според нив,

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: На кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ?


Сподели преку

(Видео) Филипче: Луѓето чекаат лекови и лекување, а власта боледувањето им го прави домашен притвор

Додека пациентите се соочуваат со недостиг на лекови, листи на чекање и проблеми со условите за лекување, власта најавува нови контроли на боледувањата, реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Филипче ја критикуваше најавата за проверки и скратување на времетраењето на боледувањето, оценувајќи дека неговата должина треба да се определува врз основа на медицински критериуми.„Не може боледувањет

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Филипче: Луѓето чекаат лекови и лекување, а власта боледувањето им го прави домашен притвор


Сподели преку

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди источна Турција

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во источниот дел на Турција.Потресот бил регистриран во 9:40 часот по локално време, а според првичните податоци, епицентарот се наоѓал на околу 17 километри југозападно од градот Хилван.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави дека земјотресот бил на длабочина од приближно осум километри.Засега нема информации за повредени лица, ниту за материјална штета во погоденото подрачје.Надлежните служби ј

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди источна Турција


Сподели преку

(Видео) Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција го критикуваше новиот просторен план, тврдејќи дека со него се предвидува отворање пет нови рудници во Македонија.Според Филипче, во планот се опфатени Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, а како дополнителен простор опфатен со планирани геолошки истражувања ја посочи и планината Кожув.Тој побара повлекување на документот, предупредувајќи на можни последици врз почвата, водите и здравјето на населението во регионите

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија


Сподели преку

Серија физички напади во Тетовски, тројца приведени

Тетовската полиција во текот на 23 септември постапувала по три одделни пријави за физички напади во Тетовско, при што во два случаи биле приведени лица.Во 15:25 часот во селото Радиовце, Општина Брвеница, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане ги лишиле од слобода Е.Н. (25) и Н.Н. (28), двајцата од Теново. Приведувањето уследило по пријава од Б.Ш. од истото село, кој пријавил дека бил физички нападнат од нив, при што биле употребени и метални предмети. Двајцата се задржани во п

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Серија физички напади во Тетовски, тројца приведени


Сподели преку

Бегала од глутница кучиња, па паднала и се здобила со тешки повреди

68-годишна жена од Тетово е тешко повредена откако, според пријавеното, била нападната од глутница кучиња скитници.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 септември случајот бил пријавен во СВР Тетово, откако Ш.О. била донесена во Клиничката болница во Тетово со тешки телесни повреди.Според пријавата, жената била нападната од глутница кучиња на улицата „Ѓорче Петров“ во Тетово. Во обид да побегне од кучињата, таа паднала и при падот се здобила со тешки повреди.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Бегала од глутница кучиња, па паднала и се здобила со тешки повреди


Сподели преку

Изгубил контрола над мотоциклот и паднал, тешко повреден 24-годишник од Копачин Дол

24-годишен жител на Копачин Дол е тешко повреден по пад од мотоцикл во дворот од неговата куќа.Случајот бил пријавен на 23 септември во 15 часот во СВР Тетово. Според изјавата на родителот на М.К., тој управувал мотоцикл во дворот, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и паднал.По незгодата, 24-годишникот бил пренесен во Ургентниот центар Тетово со тешка телесна повреда.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Изгубил контрола над мотоциклот и паднал, тешко повреден 24-годишник од Копачин Дол


Сподели преку

45-годишна жена донесена без знаци на живот во Ургентниот центар во Гостивар

45-годишна жена од Врапчиште била донесена без знаци на живот во Ургентниот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 23 септември во 21:45 часот во ОВР Гостивар.Според лекарскиот наод, на телото на Х.С. немало видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина за да биде извршена обдукција, со која треба да се утврдат околностите и причината за смр

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

45-годишна жена донесена без знаци на живот во Ургентниот центар во Гостивар


Сподели преку

Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце

Трагичен епилог доби тешката тепачка што се случи на крајот на август во Скопје, откако 13-годишното момче кое беше тешко повредено во инцидентот почина по повеќенеделна борба за живот, пренесува Тетова1.Инцидентот се случил на 31 август околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, каде што дошло до физичка пресметка меѓу две групи. Во неа учествувале пет лица, од кои четворица биле малолетни, а едно полнолетно.Во текот на пресметката биле употребени ножеви, а по интервенција

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце


Сподели преку

Хуман гест на Игор Џамбазов: Наградата „Васил Иљоски“ ја донира за лекување на девојче од Куманово

На актерот Игор Џамбазов вчеравечер му беше врачена наградата „Васил Иљоски“ за високи достигнувања во театарската уметност, во областа на комедијата. Признанието му беше доделено на отворањето на 29. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.Џамбазов во своето обраќање истакна дека паричниот фонд од наградата ќе го донира за лекувањето на Јована Станковска од Куманово, која боледува од церебрална парализа.За него, наградата има особено значење и поради тоа што го носи име

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Хуман гест на Игор Џамбазов: Наградата „Васил Иљоски“ ја донира за лекување на девојче од Куманово


Сподели преку

Се предаде Чифлигароски, бизнисменот чии фирми добиваа милионски тендери од РЕК Битола

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, се предал на граничниот премин „Свети Наум“. Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи.Од МВР информираат дека на 22 септември, при влез на граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С. Ч. (44) од Охрид, со живеалиште во Битола.„Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопшт

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Се предаде Чифлигароски, бизнисменот чии фирми добиваа милионски тендери од РЕК Битола


Сподели преку

(Видео) Стаорци се шетаат во Кисела Вода во близина на детско игралиште

Нова снимка објавена на социјалните мрежи повторно ја актуелизира појавата на стаорци во Кисела Вода. На видеото се гледаат неколку глодари во непосредна близина на детско игралиште.Снимката била објавена во групата „Кисела Вода – Пријави Проблем“. По објавата, жителите реагирале и побарале од надлежните да преземат мерки.Граѓаните бараат да се провери состојбата на локацијата и да се преземат соодветни активности за справување со глодарите, особено поради близината на игралиштето што го користа

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Стаорци се шетаат во Кисела Вода во близина на детско игралиште


Сподели преку

Се очекува нов француско-германски предлог, за постепена интеграција на Македонија во ЕУ, вели вицепремиерот Сали

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали очекува предлогот на Франција и Германија за постепена интеграција на земјите кандидатки да биде официјализиран и да придонесе за забрзување на процесот на проширување на Европската Унија.Сали, кој е дел од македонската владина делегација на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, вели дека документот сè уште има статус на нонпејпер, но дека досегашните реакции од земјите членки и кандидатките се позитивни.„Тој документ сè уште

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Се очекува нов француско-германски предлог, за постепена интеграција на Македонија во ЕУ, вели вицепремиерот Сали


Сподели преку

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2026 година, соопшти Одборот за доделување на наградата.Признанието се доделува за долгогодишни остварувања во повеќе области, меѓу кои воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на животната средина и социјалната дејност.За наградата можат да бидат предложени поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Предвидена е можност призна

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година


Сподели преку