31-годишен маж украл детски четрицикл

Скопската полиција привела 31-годишен маж под сомнение дека одзел детски четирицикл на подрачјето на Гази Баба.Од МВР информираат дека на 26 септември во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Б.(31) од Скопје.Четирициклот бил пронајден и вратен на сопственикот.По целосното документирање на случајот, против 31-годишникот ќе следува соодветен поднесок.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

31-годишен маж украл детски четрицикл


Сподели преку

Скопјанец сместен во здравствена установа откако со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата

Во СВР Скопје во раните утрински часови било пријавено дека 43-годишен маж во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром ѝ упатувал закани на сопругата со остар предмет.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска (27 септември) во 3:24 часот.Лицето било сместено во здравствена установа. По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Скопјанец сместен во здравствена установа откако со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата


Сподели преку

60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“

Во СВР Скопје било пријавено дека 60-годишен жител на Марино бил донесен со повреди во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Според пријавеното, Т.Н.(60) се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во Јавното комунално претпријатие „Водовод – Илинден“.Случајот бил пријавен на 26 септември во 8:41 часот, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“


Сподели преку

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци

Во Полициската станица Карпош било пријавено дека во канал во близина на ограда на јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш.Случајот бил пријавен на 26 септември во 16 часот. На местото излегла екипа на СВР Скопје, која извршила увид.Лешот бил подигнат и предаден на обдукција, по што треба да се утврдат околностите поврзани со случајот.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци


Сподели преку

Експлозија во семејна куќа во Хрватска, повредена 48-годишна жена

Во семејна куќа на хрватскиот остров Паг во саботата вечерта се случила експлозија при која полесно била повредена 48-годишна жена, соопшти Задарската полициска управа.Експлозијата се случила на 26 септември околу 19:55 часот во пределот Водице, во куќа во сопственост на 70-годишна жена. Според досегашните информации, експлозијата настанала во просторија во која се наоѓал шпорет на гас.Во моментот на настанот во куќата била 48-годишната жена, која се здобила со повреди. Таа била пренесена во бол

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Експлозија во семејна куќа во Хрватска, повредена 48-годишна жена


Сподели преку

Иранската армија подготвена за нови американски напади: „Ако Иран не може да тргува, ако Иран не може да живее, никој нема да може ниту да тргува ниту да живее“

Иранските вооружени сили се подготвени за евентуални нови американски напади, изјави во неделата воениот портпарол Мохамад Акрамнија, пренесоа иранските државни медиуми. Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го одбил предлогот од Техеран за повторно отворање на Ормускиот Теснец и прекин на конфликтот.Акрамнија порача дека иранската армија е целосно подготвена за евентуален судир и предупреди дека САД би претрпеле уште поголема штета доколку повторно го

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Иранската армија подготвена за нови американски напади: „Ако Иран не може да тргува, ако Иран не може да живее, никој нема да може ниту да тргува ниту да живее“


Сподели преку

Уапсен 26-годишник баран со потерница за изнуда и насилство

Полициски службеници денеска го лишиле од слобода 26-годишниот Ц.А., кој бил баран со централна потерница и централен распис поради сторени кривични дела.Како што информира МВР, апсењето било извршено во 9:30 часот во дворот на неговиот дом од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Ц.А. бил баран по централна потерница распишана на 6 август 2026 година од Основниот суд Скопје 1, со изречен

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Уапсен 26-годишник баран со потерница за изнуда и насилство


Сподели преку

Епидемијата на ебола во Конго се шири: над 7.800 заразени и речиси 3.800 починати

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, при што досега случаи се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од вкупно 26 провинции во земјата.Според најновите податоци на Светската здравствена организација, заклучно со 23 септември биле потврдени 7.890 случаи на зараза, додека починале 3.799 лица. Смртноста меѓу потврдените случаи изнесува околу 48 отсто. Од почетокот на епидемијата се опоравиле 1.966 пациенти.Меѓу најновите подрачја во кои е потврдена зараза

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Епидемијата на ебола во Конго се шири: над 7.800 заразени и речиси 3.800 починати


Сподели преку

Филипче жестоко ги нападна поранешните функционери на СДСМ: „Шемаџии и пучисти, тие за малку ќе ја закопаа партијата“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со жестоки обвинувања се нафрли на поранешните функционери на партијата собрани околу платформата „Разговори за иднината во 12:05“, нарекувајќи ги „шемаџии“ и „пучисти“ и обвинувајќи дека зад нив стои премиерот Христијан Мицкоски.„Христијан Мицкоски ги прати да нѐ дефокусираат. Ама нема да успеат. Видовме формирање на ЗНАМ. Но нема да им успее. Ние се бориме за интересите на граѓаните и државата, затоа што СДСМ не е пазар на кој секој може да дојде и да земе што с

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Филипче жестоко ги нападна поранешните функционери на СДСМ: „Шемаџии и пучисти, тие за малку ќе ја закопаа партијата“


Сподели преку

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда

Блерим Беџети беше дел од фракцијата во ДУИ што се спротивставувала на политиките на Артан Груби. Денес, сепак, јавно застанува во негова одбрана.Во „Претрес со Ландов“ пратеникот рече дека личното и политичкото несогласување не го менуваат неговиот став дека постапката против Груби е неправедна.– Јас сум бил дел од фракцијата против Артан Груби во ДУИ. Срамота е за државата – рече Беџети, зборувајќи за обвинението против својот сопартиец.Според Беџети, спорната одлука за која се товари Груби би

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда


Сподели преку

(Видео) Беџети: Немам амбиција да го наследам Ахмети

Блерим Беџети изјави дека нема амбиција да стане претседател на ДУИ по Али Ахмети.На директното прашање во „Претрес со Ландов“ дали се гледа како иден лидер на партијата, одговори: „Не“, додавајќи дека тоа никогаш не му била амбиција.Ландов го праша дали како можни наследници ги гледа Артан Груби или Бујар Османи. Беџети не избра ниту еден од нив. Рече дека секој има право на политичка амбиција, но дека во ДУИ не била отворена расправа за наследник на Ахмети.Според Беџети, можно е идниот лидер д

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Беџети: Немам амбиција да го наследам Ахмети


Сподели преку

(Видео) Ахмети кажа дека размислува да се повлече, Беџети откри какво е расположението во ДУИ на оваа тема

Блерим Беџети изјави дека во ДУИ нема расположение Али Ахмети да се повлече од претседателската функција. Според него, одлуката за повлекување е лична одлука на Ахмети.Ландов го праша и за влијанието на Муса Џафери во партијата, наведувајќи дека според неговите информации Џафери и натаму има улога на „лидер до лидерот“.Беџети го отфрли таквиот опис: рече дека Џафери е пратеник, како и другите пратеници на партијата.Тој призна дека Џафери во минатото давал придонес во партиските одлуки, но наглас

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Ахмети кажа дека размислува да се повлече, Беџети откри какво е расположението во ДУИ на оваа тема


Сподели преку

Без возачка дозвола или под дејство на алкохол: уапсен 21 возач

Во текот на изминатото деноноќие полицијата на различни локации низ државата лишила од слобода 21 возач, додека со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од приведените, 11 лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив се Н.М. (41) од Сарај, А.Р. (25) од Батинци, Х.Ш. (35) од Неготино, Гостиварско, 16-годишник од Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С. (31) од Ковач, Македонски Брод, А.Д. (32) од Корошишта,

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Без возачка дозвола или под дејство на алкохол: уапсен 21 возач


Сподели преку

(Видео) Ќе даде ли Ахмети интервју на македонски?

Прашањето зошто Али Ахмети не говори јавно на македонски јазик беше отворено во разговорот со Блерим Беџети.Ландов потсети на објавените прислушувани разговори во кои лидерот на ДУИ наводно комуницира со Никола Груевски и го праша дали Ахмети би прифатил интервју на македонски.Беџети рече дека Ахмети го користи македонскиот во слободна комуникација онолку колку што го владее. На прашањето дали наскоро може да се очекува негово јавно интервју на македонски, одговори: „Да се надеваме“.Пратеникот д

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Ќе даде ли Ахмети интервју на македонски?


Сподели преку

(Видео) Беџети од ДУИ: Немало официјални разговори со ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори

Блерим Беџети изјави дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не воделе официјални разговори за предвремени парламентарни избори.Тоа го кажа во „Претрес со Ландов“, по прашањата за спротивставените јавни изјави од двете партии.Беџети рече дека пратениците разговараат меѓу себе во Собранието и дека имало работна група за Изборниот законик. Но, на директното прашање дали партиите седнале на маса за да договараат предвремени избори, неговиот одговор беше негативен.И покрај тоа, тој смета дека избори ѝ се потребни на

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) Беџети од ДУИ: Немало официјални разговори со ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори


Сподели преку

Руските сили погодиле центар за податоци во Киев, повредени и две деца

Руските сили утрово двапати погодиле центар за податоци во Киев, при што биле повредени тројца луѓе, меѓу кои и две деца. Во одвоен напад со дрон во областа Соломјански загинал еден маж, а биле предизвикани и пожари во два нестамбени објекти, објави „Украинска правда“.Нападите се дел од серијата интензивни руски воздушни удари врз Украина во изминатиот период. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, само во текот на последната недела Русија употребила повеќе од 2.200 дронови, околу 1.

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Руските сили погодиле центар за податоци во Киев, повредени и две деца


Сподели преку

„Една работа може да го запали целиот регион и да предизвика сериозни тензии што можат да прераснат во конфликт“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изрази загриженост поради зголемените тензии и нарушените односи меѓу дел од земјите во Западен Балкан. По состанокот на регионалните лидери со високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, во Њујорк, тој оцени дека дискусиите потсетувале на теми карактеристични за почетокот на деведесеттите години.Како причини за зголемената напнатост, Мицкоски ги посочи отворените прашања меѓу Босна и Херцеговина и Србија, поврзани со

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

„Една работа може да го запали целиот регион и да предизвика сериозни тензии што можат да прераснат во конфликт“, вели Мицкоски


Сподели преку

Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема

Детското игралиште во Карпош 1 повторно е мета на вандализам, при што се оштетени повеќе детски реквизити и дел од урбаната опрема.Од Општина Карпош посочуваат дека секоја година се издвојуваат средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, како и за поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.Сепак, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради оштетувањата и неодговорното однесување.Од општ

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема


Сподели преку

(Видео) „Замолчи!“: Трамп повторно во остар конфликт со новинарка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно влезе во вербален судир со новинарка, откако таа го праша дали сака во групата новинари што го следат претседателот да бидат присутни само медиуми кои го поддржуваат.Инцидентот се случил при заминувањето од Белата куќа. Дописничката на MS Now, Акејла Гарднер, го прашала Трамп дали сака во новинарската група да бидат само медиуми кои известуваат позитивно за него.„Не, не, не. Сакам вистински вести, а не лажни вести, како вас“, одговорил Трамп.Кога Г

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

(Видео) „Замолчи!“: Трамп повторно во остар конфликт со новинарка


Сподели преку

Проверете дали сте на списокот: утре без струја делови од Бутел, Гази Баба и Чаир

ЕВН најавува прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Скопје поради планирани работи на електроенергетската мрежа.Во општина Бутел, од 07:55 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите на дел од улиците „Марко Крале“ и „Љубо Петровиќ“.Во општина Гази Баба, од 09:00 часот, прекин е најавен на улица „840“, како и на дел од улицата „Благоја Стефковски“, улица 1.Во општина Чаир, од 10:00 часот, поради работи во ТС „Чаир 18“ – чистење, долевање масло во кабелски

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Проверете дали сте на списокот: утре без струја делови од Бутел, Гази Баба и Чаир


Сподели преку

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на УЧК ќе се одржи денеска во Скопје.Маршот е најавен за 14 часот, со почеток од плоштадот „Скендербег“. Организацискиот совет упати повик до граѓаните и до албанските политички партии да се приклучат на протестот.На маршот се очекува да присуствуваат и семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и претставници на верскиот, акад

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи


Сподели преку

Вицепремиерот Сали молчи дали навистина ја бојкотирал средбата со Вучиќ поради Косово, додека медиумите на албански јазик тврдат дека го направил тоа

Повеќе медиуми на албански јазик објавија дека првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали ја бојкотирал билатералната средба на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Њујорк.Еден од медиумите информацијата ја објави и со директен наслов дека „првиот вицепремиер Беким Сали ја бојкотира билатералната средба во Њујорк со претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.„Отсуството на Сали доаѓа во чувствителен политички момент, во недела кога во фо

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Вицепремиерот Сали молчи дали навистина ја бојкотирал средбата со Вучиќ поради Косово, додека медиумите на албански јазик тврдат дека го направил тоа


Сподели преку

Швајцарците денес гласаат на референдум за построга неутралност и забрана на соработката со НАТО

Граѓаните на Швајцарија денеска гласаат на референдум за предлог уставни измени со кои значително би се заострила политиката на неутралност на земјата. Иницијативата предвидува ограничување на воената соработка со НАТО, како и забрана за воведување економски санкции што не се одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации.Швајцарија е меѓународно признаена како неутрална држава уште од 1815 година, но начинот на кој Владата ја спроведува оваа политика не е прецизно утврден во Уставот, шт

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Швајцарците денес гласаат на референдум за построга неутралност и забрана на соработката со НАТО


Сподели преку

Туристички автобус се преврте во Германија: Двајца загинати, 26 повредени

Две лица загинаа, а 26 се повредени, од кои едно е во животна опасност, откако туристички автобус рано утрово се преврте на автопатот А96 во близина на Бухлое, во германската покраина Баварија.Несреќата се случила нешто по 6 часот. Во автобусот со италијански регистарски таблички имало меѓу 40 и 50 патници, членови на туристичка група од Филипините. Нивната крајна дестинација засега не е позната.Од полицијата соопштиле дека едно лице починало на местото на несреќата, додека второто им подлегнало

пред 1 месец | 0
skopje1.mk

Туристички автобус се преврте во Германија: Двајца загинати, 26 повредени


Сподели преку