Родителите реагираа на исказот на вештакот за „Пулс“, па беа отстранети од судницата
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше вештакот од областа на градежништвото Петре Русески, кој бил предложен од одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко.Русески изјави дека Јованов, како закупец на просторот, не презел градежни активности што би можеле да се именуваат како реконструкција, туку извршил градежно-занаетчиски работи за ентериерно уредување на просторот за потребите на дејноста. Според него, станувало збор за работи од лесен обем, кои не биле