31 година од атентатот врз Глигоров, СДСМ: Тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април повторно
СДСМ, по повод 31 година од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, објави соопштение во кое прави политичка паралела меѓу нападот од 1995 година и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, а со остри обвинувања ги прозива и ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, автомобил-бомба експлодираше на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“, во момент кога Глигоров со службеното возило се движеше кон Собранието.