Итна средба на безбедносните служби поради можен атентат врз полскиот премиер Доналд Туск
Претставници на повеќе безбедносни служби се состануваат во Варшава по добиени информации за можен атентат врз полскиот премиер Доналд Туск и вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш.Портпаролката на полското Министерство за внатрешни работи, Каролина Галецка, изјави дека состанокот ќе се одржи во 11 часот во Центарот за антитерористичка анализа при Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), пренесува полскиот портал RMF24.На состанокот ќе учествуваат претставници на Службата за