Уште нема потерница по Ива Михајлова, МВР чека на судот - претседателот го нема со одговор цел ден
За Ива Михајлова, која замина во Бугарија и покрај судските забрани за напуштање на Кочани и преминување на државната граница, до Министерството за внатрешни работи сè уште не е доставена наредба за распишување потерница од Основниот суд Кочани. Ова е официјалниот одговор што „Скопје1“ го доби од МВР, речиси 12 часа по информациите за нејзиното заминување во Бугарија.„За лицето Михајлова Ива до МВР на РСМ досега нема пристигнато наредба за распишување на потерница од Основен суд Кочани“, одговор