На Артан Груби вечерва му истекува куќниот притвор, судот сè уште не одлучил за враќање на пасошот
Мерката куќен притвор за Артан Груби, обвинет во предметот „Државна лотарија“, истекува вечерва на полноќ. Во меѓувреме, Кривичниот суд во Скопје сè уште нема донесено одлука по неговото барање за враќање на пасошот, за кое е понудена имотна гаранција.По завршувањето на мерката, Груби ќе може да се брани од слобода. Тој е меѓу обвинетите во случајот во кој се истражува сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластувањата.Според обвинението, Груби, како поранешен вицепремиер и претседавач