(Видео) Судири, солзавец и искршени излози на протестите на учениците и студентите во Франција
Голем број средношколци, студенти, наставници и синдикалци излегоа на улиците низ Франција во вторникот, на петтиот национален бран протести поради состојбите во образованието. Организаторите проценуваат дека учествувале 480.000 луѓе, додека Министерството за внатрешни работи соопшти дека изброило 161.500 демонстранти, од кои 41.500 во Париз.Протестите беа проследени со судири со полицијата, употреба на солзавец и водени топови, кршење излози и оштетување јавен имот. Најсериозни инциденти биле з