Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Јапонија
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежјето на Јапонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Потресот бил регистриран во близина на островот Хоншу, на околу 90 километри од населбата Мито. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 32 километри.Засега нема информации дали има повредени лица или материјална штета.