Проданоски: „Топташ Родео 2026“ нов адут за спортски туризам во Прилеп
Прилеп на 9 и 10 мај ќе биде домаќин на хард ендуро трката „Топташ Родео 2026“, настан кој се очекува да привлече бројни љубители на мотоспортот од земјава и регионот. Градоначалникот Дејан Проданоски информира дека локалната самоуправа, во соработка со Хард Ендуро Клуб Прилеп, активно учествувала во подготовките за организација на трката, при што е изграден и првиот хард ендуро и тренинг полигон од ваков тип во државата. „Оваа инвестиција претставува трајна вредност за Прилеп и за сите љ...